Европскиот стандард EN 13537 е во употреба од 1 јануари 2005 година и е направен поради правилно информирање и заштита на потрошувачот. Ги стандардизира температурните зони на вреќата за спиење произведени или се во продажба во Европа.

Начин на тестирање

Сите вреќи за спиење кои подлежат на тестирања поминуваат преку стандардизиран лабораториски тест. Ова значи дека производите од различни фабриканти, после тестот, поседуваат споредливи податоци за температурните зони. За тестирање се употребува термална човечка кукла.

Термалната човечка кукла е човечки модел, дизајниран за потребите на научните тестови во термални околности, без ризик од неточни податоци применети на човечкото тело. Ваквите кукли се во употреба во автомобилската, индор и аутдор, воената и текстилната индустрија. Модерните кукли се опремени со преку 30 индивидуални мерни зони (точки на мерење). Секоја зона поседува греачки елемент и температурни сензори кои одговараат на човечкото тело. Ова овозможува со контролниот софтвер куклата да е загреана до нормална човечка телесна температура.

Sleeping bags

Во текот на дизајнирање на софтверот се водеше сметка за сите можни вонстандардни ситуации, како што се, прекумерно и често дишење, потење, движење (непрекинато пешачење, возење велосипед и сл.). Куклите за тестирање истотака имаат и различен човечки облик (машки, женски, детски).

Со тестирањето се утврдуваат четири температурни фактори:

  • Горен лимит (Upper limit)
  • Комфорт (Comfort)
  • Долен лимит (Lower limit)
  • Екстрем (Extreme)

Sleeping factors

Описите за овие четири температурни фактори се следните:

Горен лимит: Температура на која стандарден човек може да спие без дополнително потење со отворена качулка и затворање на вреќата, со рацете надвор од вреќата за спиење.
Комфорт: Температура на која стандардно женско лице може комфортно да спие во релаксирачка положба.
Долен лимит: Температура на која стандардно машко лице може да спие 8 часа во свиткана положба, без будење.
Екстрем: Минимална температура на која стандардно женско лице може да опстане 6 часа без ризик од смрт под дејство на хипотермија, постои можност од добивање смрзнатини.

Температурниот фактор Екстрем е исклучително за услови на преживување. Значи, да се преживее ноќта, но можноста на добивање смрзнатини е голема.

Транзициската зона се наоѓа помеѓу Комфорт и Долен лимит. Ова подрачје вообичаено се нарекува зона на спиење (sleeping zone). Истата треба да се употребува како водечка во изборот и купување на вреќа за спиење.

Предности на термичко полнење со пердуви:

Мала тежина, природен материјал, можност од поголема компресија (набивање во текот на пакување), многу добра дишливост (вентилација, дишење) на полнењето. Поголема прилагодливост на преминот топло-ладно, многу добра термичка изолација.

Мани на термичко полнење со пердуви:

Чувствителност на влага (многу тешко се суши, некогаш и со денови), после долга употреба потребно е дополнување поради губитокот на волумен.

Sleeping bags

Предности на термичко полнење со синтетички материјали:

Нечувствителност на влага, лесно се суши, долго го задржува волуменот.

Мани на термичко полнење со синтетички материјали:

Голема тежина, мала можност за компресија (набивање во текот на пакување), брзо примаат незгоден мирис поради развој на бактерии (исклучувајќи ги антибактериските третирани материјали).

Совет

Доколку купувате вреќа онлајн на повеќе сајтови проверете ги наведените температурни фактори. Продавачите многу често, поради подобра продажба го наведуваат само Екстремниот фактор, често не поткрепен од EN стандардот. Не купувајте вреќа за услови во кои речиси никогаш нема да се најдете. 99% од сите преноќувања на нашите планини се во домови и засолништа со добра изолација.