Дали некогаш Ви се случило се наоѓате на планина, се случува нешто непредвидено, имате потреба од нешто во ранецот, а сте го ставиле во подалечните темни рабови во ранецот?

1. За почеток, најважното не е каде сте го ставиле во ранецот, туку дали воопшто сте го зеле. Затоа еден совет, направете си листа што носите на планина секој пат, за следното пакување на ранецот да Ви е според листата! Секогаш пред тргнување кон искачувањето на високите врвови листата на работи кои треба да ги понесете многу ќе ви помогне, за во случај да не останете без четка за заби, челна ламба и сл.

2. Втор чекор секогаш мислете што ќе ви биде најпотребно додека пешачите. Кога ќе стигнете до домот или местото каде ќе преноќувате, секогаш може да извадите сè и да препакувате. Затоа во горниот дел од ранецот се ставаат: очила, марамчиња, GPS, ракавици, капа, енергетски барови и др.

Backpack

3. Доаѓаме до централниот дел. Во основниот простор на ранецот најважно е тешките предмети да бидат колку што е можно поблиску до телото и што е можно поблиску до половината. Односно, да не се скаувани повисоко, бидејќи, колку се повисоко дадена е тежина, толку повеќе се нарушува рамнотежата на телото и ранецот може да Ве дебалансира во текот на пешачењето. Ова важи за сериозни повеќедневни тури. При лесни тури, може да ги спакувате тешките предмети повисоко.

4. Откако сте ги подредиле тешките работи, време е за лесните, облека, храна и други предмети кои пак ќе бидат во централниот дел, но во надворешната периферија, околу тешките предмети.

5. На дното се става вреќата за спиење. Повеќето модерни ранци имаат посебен џеб на дното, во кој се става вреќа за спиење.