Вкупно 95 проценти од патниците изјавиле дека биле под директно влијание на информации од брошури да посетат некоја атркација за која незнаеле дека постои.

Луѓето се повеќе се потпираат на паметните телефони и интернетот во текот на организирање на патувањата, но „старомодната“ технологија сеуште опстанува.

Новата студија покажува дека едноставните (хартиени) брошури и понатаму се употребуваат на патувањата.

Истражувањето од универзитетот Бентли во САД покажа дека луѓето и понатаму повеќе веруваат на мапите.

Дури седум од десет туристи земаат брошури и мапи на дестинацијата која ја посетуваат, а дури 69 проценти се одлучуваат да посетат некоја земја благодарејќи на промотивните проспекти.

„Она што е интересно во ова истражување е дека и денес, покрај тоа што постојат мноштво на извори за информирање за туристичките атракции, патниците после доаѓање на дестинацијата најмногу веруваат во печатените брошури и мапи“, вели Јан Крос од Универзитетот Бентли.

Истражувањето кое го нарачала Меѓународната асоцијација за информирање на посетители опфати повеќе од 1700 испитаници од Северна Америка, Европа и Јужноафричката Република.