Лекарите постојано предупредуваат на важноста на прошетките, но за да имате добри резултати, потребно е да пешачите многу повеќе отколку што мислите, стои во заклучокот на новата британска студија.

Луѓето кои ќе направат 15.000 чекори дневно, што отприлика е 11-12 километри и оние кои седум часа претежно стојат, имаат најнизок ризик од срцеви заболувања.

Во истражувањето учествуваа неколку стотини работници во пошта, кои добиле уред за пратење на срцевите активности. Испитаниците беа поделени во две групи - канцелариски работник и поштари кои се здрави, непушачи и немаат дијабетес, висок крвен притисок ниту болести со срцето.

Заклучено е дека луѓето чија работа бара седење имаат поголем обем на струкот и поголем ризик од кардиоваскуларни болести отколку работниците на терен.

За секој дополнителен час седење после 17 часот, се зголемува лошиот холестерол, а добриот се намалува.