Пред заминување на планина важно е добро да се испланира турата, за тоа како би се соочиле со сите предизвици кои ви стојат на патот до планинскиот врв. Неопходно е да се соберат сите информации и добро да се подготвите. Еве некои елементи на планирање на тура.

Каква е вашата кондициона спремност и физичките можности?

Од одговорот на ова прашање ќе зависи и тежината на турата за која се одлучуваме - помала физичка спремност - полесна тура и планина.

Колку е тешко искачувањето?

Лесна тура! Потешка тура! Многу тешка тура! Сите патишта се подеднакво маркирани. Маркацијата не говори ништо за тежината на патеката. Ако постои ознака за тежина на патека, таа се наоѓа на почетокот на маркацијата. Многу патишта немаат ознаки за тежина, а многу немаат ни маркација. Побарајте совет од поискусните, и од оние кои го познаваат теренот.

Кога планирате да се вратите?

Овој одговор ќе го добиете ако знаете дека пешачењето се планира вака: за еден час нормално пешачење предвидува искачување на околу 350 метри надморска висина и околу 4 километри далечина. При тоа се планираат и кратки паузи од по 2-3 минути на секој пола час, односно краток одмор на секој 1 и пол час. Времето на краткиот одмор е колку нешто да се касне или напие, но не толку за планинарите да се оладат.

Какво известување оставате за турата?

Вашето известување мора да содржи информации за тоа каде одите, по кој пат, кога трнувате и кога очекувате да се вратите. Истотака, добро е да информирате и за тоа кога сакате да алармирате спасувачи.

Кој оди на планинарската тура?

Патеката се прилагодува според најмалку спремниот учесник. Патеките за соло планинарите се опасни, но и групните тури не се сосема безбедни, бидејќи неа ја карактеризираат односот на групата: еуфорија, пренапорност, докажување, натпревар, борба за престиж, караници и друго.

Какво ќе биде времето?

Временската прогноза и информациите од терен ви даваат основна претстава за времето. Обавезно предвидувајте го времето за планинарската тура.

Дали ви се потребни упатства од стручњаци или водичи?

За сите аспекти на планираната тура советувајте се со искусните. Одете до планинарскиот сојуз, друштво или секција. Ангажирајте луѓе кои го познаваат теренот, патеките, планината и опасностите.