Да распостелиш шатор не е само прашање на искуство, туку и прашање на вештина, па дури некои може да го наречат и уметност. Тешко е да се каже кој е најдобриот начин, но лесно е да се каже што е погрешно. Видете кои се петте најчести грешки при отворање шатор под отворено небо.

Не гледаме нагоре

Обично, кога избираме место за шатор, ја погледнуваме земјата - да е рамна, да не е под косина, да нема остри предмети. Но, важно е и да гледаме нагоре. Над земјата се кријат различни опасности, од кои некои може да се покажат смртоносни - суви и висечки гранки на дрвјата кои можат да паднат и да ви наштетат, осилници, пајажини, далноводи. Лесно е да ги видите, но само ако погледнете нагоре.

Не забиени колци на шаторот

Некои луѓе мислат дека да забиеш колци на шаторот е претерување. И дека колците треба да бидат поставени само во случаи на силен ветер. Ова е погрешно! Мали и ненадејни налети на ветрот можат да го поткренат дното на шаторот и да го превртат, дури и внатре да има големо количество багаж. Дури и дното да не се подигне, ветрот може да го притисне шаторот и да напукне конструкцијата која го држи шаторот, доколку е од полесен материјал (на пример фиберглас). Поставувањето на колците е важно и за да не се допираат надворешниот и внатрешниот слој, доколку шаторот е двослоен. Ова обезбедува добра циркулација на воздухот и гаранција против кондензација.

Camping

Не си оставаме доволно време

Да го приредите кампот, особено погодно, си бара време. Дури на најискусните кампери им одзема часови додека ги наредат работите така што ќе имаат максимална удобност и одржливост. Грешката која често ја правиме - одиме на кампување во петок после работа, пристигнуваме на местото речиси во ноќта и допрва почнуваме да отвораме шатори, да организираме простор наоколу, и тогаш се насочуваме кон палење оган и подготвување вечера. А замислете дека е влажно и не успевате да запалите оган според очекуваното време. Ризикувате не само да останете гладни, туку и ќе ви биде ладно. Затоа, секогаш предвидувајте да пристигнете уште со ден и ќе имате доволно време да го припремите кампот спокојно.

Не ја цениме насоката на вртење на сонцето

Оваа грешка е често поврзана со претходната. Ако стигнеме на местото во ноќните часови или на зајдисонце, не сме во можност да процениме каде изгрева сонцето и каде се насочени зраците во поголемиот дел од денот. Во текот на летото сигурно ќе сакате да најдете сенка за шаторот, особено во утринските часови, за да поспиете подолго. А во зима е добро да го наместите на сонце, што ќе ви обезбеди барем 10 степени повисока температура. Значи - наутро е најважно, тоа ви го определува остатокот од денот.

Не избираме соодветна површина

Да спиеш директно на земја е предизвик. Квалитетната постела (душек на надувување или едноставен изомат) помага, но и покрај тоа е важно каква е подлогата на која сме легнати. Да ја најдеме „вистинската“ површина е од огромно значење. Повеќето луѓе успеваат да најдат место без камења, корења и гранки. Но, тоа не е секогаш доволно. Кога го избирате местото погледнете не само да е рамно, туку и да е на мала висина, да не е под наклон, дури и 2 см. Дожд може да ви го преплави шаторот, ако сте го наместиле во дупка. Внимавајте на дупки на змии, кртови и мравјалници.

Подигнувањето шатори со почитување на овие 5 основни правила може да ви направи огромна разлика помеѓу добро и лошо поминат одмор. Затоа, кога го планирате следниот кампинг одмор, тргнете рано наутро, свртете ја главата за 360 степени и користете ги сите елементи на шаторот, кои производителот ги поставил во футролата.