Знаете дека добриот совет злато вреди, а ако доаѓа уште од некој искусен, тогаш секако треба да се послуша. Од порталот Daily Mail ви го пренесуваме искуството на Гилберт От, патник кој годишно прелетува повеќе од 200 илјади милји со авион! Што да избегнувате додека летате со авион, дознајте во продолжение...

Не оставајте скапоцени работи во ормарчињата над седиштата

Верувале или не, според искуството на Гилберт, на многу летови се наоѓаат луѓе кои чекаат погоден момент да ви „извлечат“ нешто вредно што сте го оставиле во ормарчињата над седиштата. „Кога патниците спијат, екипата се собира и настојува да земе вредни работи, дали се работи за лаптоп, пари или нешто слично. За жал, патниците откриваат дека останале без нешто дури после слетувањето“, објаснува Гилберт.

Не пијте вода во авион

„На летовите никогаш не пијам вода од славина, а немојте ни вие. Немојте да ја користите ниту за миење заби, туку секогаш со себе носете си шише вода која сте ја купиле на аеродромот, или во авионот. Таа вода изобилува со бактерии, па немојте да нарачувате ни кафе, чај или нешто слично“.

Не читајте списанија и магазини

За ова истотака причините се хигиенски. Имено, во авионите детално не се чистат ни седиштата, па може да замислите низ колку различни раце поминуваат списанијата кои во авионите стојат барем месец дена. Секако, овде зборуваме за дополнителна внимателност, не дека од списанието ќе добиете некоја заразна болест...

Не ги соблекувајте чевлите додека авионот не е високо во облаците

Ако веќе летате 5, 6 или 10 часа, јасно е дека сакате да ги одморите нозете. Сепак, чевлите не ги соблекувајте додека авионот се издигнува, или за време на полетување, а бидете сигурни да ги имате на нозе и дури авионот се спрема за слетување. Имено, во спротивно, чевлите може да ви завршат негде назад.

Не седете предолго

Немојте ни случајно цел лет, ако е долг да го преседите. Станете малку и прошетајте се низ авионот, малку размрдајте се, прошетката ќе ви влијае позитивно и на вашето здравје.

Не се карајте со персоналот

Никој од персоналот не е ваш непријател и нема ништо против вас. Добро, некогаш се случува да ве налутат и да не сте во право, но тие во авионот на некој начин се главни, па немојте да го изгубите трпението така што по слетувањето да доаѓа полиција по вас...

Не заборавајте доволно да пиете

Патувањето со авион може да биде прилично дехидрирачко, поради тоа е потребно да се пие доволна количина вода. Овде се враќаме на оној совет водата да ја купите на аеродром, а не би било лошо во авионот да избегнувате конзумирање алкохол.