Доживувањето на секоја тура е индивидуално. Особено тоа се однесува на класификацијата на тежината на турата. Од таа причина да се оцени некоја тура не е ни малку лесно, а при тоа да се биде објективен и да се удоволи секому. Воглавно постојат два вида оценки на тежини на планинарски тури: техничка и кондициона.

  • Техничката тежина на една тура зависи од количината на опрема која е потребна во моментот на совладување на една делница.
  • Кондиционата тежина на една тура зависи од висинската разлика, должината и времето потребно за да се совлада таа иста делница.

Многу е важно правилно да ги процените вашите способности за тежината на некоја тура и да се однесувате во склад со нив, бидејќи до голем број незгоди во планините доаѓа баш поради лошите проценки.

Grades