Покрај тоа што возењето велосипед е здраво, туку e и економично, и да не споменуваме на тоа дека и ја зачувувате природата.

Во продолжение прочитајте ги петте причини поради кои просто мора да поседувате велосипед.

Здрав за телото

Ја поттикнува работата на кардиоваскуларниот систем, ја зголемува кондицијата, а корисен е и за согорување калории. Секој ден ќе работите на линијата без одење во теретана.

Biking

Здрав за умот

Возењето велосипед докажано го намалува стресот, а независно од тоа дали го возите од забава или ви служи како средство за превоз на работа, со велосипедот ќе бидете посреќни, полни со енергија и многу поопуштени.

Здрав за околината

Земјите ширум светот пробуваат да ги намалат емисиите на штетни издувни гасови кои ги произведуваат автомобилите, а велосипедот е одлично средство во борбата против тоа. Освен што ќе бидете среќни и фит, чувствувајте се добро бидејќи ќе знаете дека работите нешто добро за околината.

Biking

Практичен

Градските гужви на булеварите поради кои многу возачи ги губат нервите за велосипедистите не значат ништо. Тенок, брз и способен да се провлече низ најтесните премини, велосипедот ќе се претвори во сојузник кој ви штеди време, а прашањето за плаќање паркинг истотака нема да биде важно.

Biking

Здрав за паричникот

Бензинот кој автомобилите го голтаат е голем удар за вашиот паричник, а нешто слично е и со градскиот превоз.
Под услов да поседувате шлем и да возите според прописите, возењето велоспиед е најефтиното возење, а бесплатните работи секогаш се најдобри.