Ако одите на долга и тешка планинарска тура, сигурно е тешко да се одолее да не се натрупа ранецот со чоколади, колачиња и останати слатки задоволства, бидејќи таа храна никако не е добра за планинарите, тврдат експертите.

Слатките оброци ќе го зголемат нивото на шеќер во крвта многу брзо и ќе имате брз влез на енергија, но истотака таа енергија и брзо ќе опадне. Шеќерот всушност ќе ја намали изградбата на масти, објаснува Борис Гниелка, експерт кој работи за списанието Outdoor.

Но, тој сепак предлага додавање на малку шеќери во напитоците - мешавина на вода со свежо исцеден сок од јаболка, на пример. Водата всушност е сосема доволна, но ја пиеме премалку бидејќи нема некој вкус, а тоа му штети на нашата активност, додава Гниелка.

За високогорско планинарење соработникот за списанието додадава дека истотака може да се додаде и витамин Ц во прав и прашок за пиење без шеќери, со што тоа се добри алтернативи, иако тоа не го сакаат сите.

Препорачаната храна за планинарење вклучува многу вода, јагленихидрати и многу малку маснотии и шеќери. Во вашиот ранец би требало да се најдат класици како по дома спремни сендвичи со целосен леб, јаболко и енергетски плочки од житарици.

Оброците би требало да бидат мали и добро спакувани и да го издржат притисокот и топлината. Кога се работи за избор на содржина на сендвичи постои само едно правило: не смее да биде премасен и претежок.