Планинарските стапови се налик на скијачките со една разлика што овие се од телескопски вид така што може да ги прилагодите според својата висина и теренот по кој планинарите.

Постојат многу мани и предности на користење на планинарски стапови. Кога планинарите со стапови значително си ја олеснувате работата на нозете, така што оптеретувањето подеднакво се пренесува и на рацете и на нозете. Полесно ги совладувате угорниците со што си помагате и со рацете.

За да ви помогнат планинарските стапови мора да знаете да ги користите во спротивно само ќе ве заморуваат. За тешки и долги тури се препорачуваат стапови бидејќи значително ќе ви ја олеснат работата. Не мора да одвојувате пари за вистински планинарски стапови туку може да најдете и обичен дрвен стап кој ќе го најдете на патот, но тој нема да ви ја гарантира леснотијата на ракување како со вистински стапови.

Ова се некои предности со планинарски стапчиња:

  • додатно олеснување кога се качувате или симнувате
  • поголем домет, ако сакате нешто да дофатите
  • заштита од змии
  • можат да послужат како клинови за шатор
  • може да се потпрете
  • ако повеќе не ви се потребни едноставно ги собирате и ги закачувате на ранец
  • сигнал за помош
  • служат за испитување на теренот, ако одите низ вода или кал

Mountain sticks

Планинарските стапови се многу корисна работа затоа кога ќе купувате изберете ги оние со добра рачка бидејќи ќе биде со вас преку целиот ден, така што мора да биде удобна. Да бидат црвсти и да издржат тежина поголема од вашата.

Постојат разни видови на планинарски стапови, но ќе ги издвоиме оние со ANTI-SHOCK систем кој ги ублажуваат ударите. Покрај овие може да најдете и разни видови стапови со компаси и светилки на нив. Секој добар планинарски стап на својот крај има дел кој служи кога се планинари по снег. Тој тркалезен дел пружа отпор на снегот така што стаповите нема да ви пропаѓаат во снегот.

Кога планинарите со стапови користете ги гуртните за зглобовите кои многу ќе ви помогнат. Ако се заморите слободно опуштете ги рацете, а стаповите нема да ви паднат. Ако одите по угорници тогаш треба да ја намалите должината на стапчињата, а ако одите надолу ќе ја зголемите.

На некои луѓе им е незамисливо да одат со стапови бидејќи мислат дека ќе им сметаат меѓутоа кога ќе пробаат ќе сфатат дека не е тешко и тогаш стануваат неизоставен дел од нивната планинарска опрема.