Ранецот секогаш е со нас - на сонце, студ, ветер, снег и дожд. Во него го собираме целиот дом за време на пат, па затоа треба да се погрижиме неколкудневниот соживот со него да е навистина пријатен.

Еве неколку основни работи на кои треба да обрнете внимание кога ќе избирате ранец за вашите авантури.

Еднодневен ранец (15-35 л)

Кај овој ранец поголемиот товар паѓа врз рамењата. Тој е погоден за кратки тури со малку багаж. Има удобен појас за половината кој го штити ранецот од поместување додека се движите.

Backpack

Алпски ранец (35-55 л)

Погоден е за тури со еднодневни преспивања со минимално количество багаж. Овој ранец има внатрешна конструкција за поголема цврстина, како и постабилен појас за половината. Може да издржи поголеми тежини.

Туристички ранец (55-75 л)

Овој ранец е создаден за повеќедневни патувања. Ранецот е со тврда конструкција. Ја распределува тежината на багажот од рамениците кон појасот околу половината. Погоден е за долги тури.

Ранец за експедиции (75-100 л)

За долготрајни тури или цели експедиции - овој ранец е спас за вас. Се препорачува за зимски тури, кога се бара носење на поголема опрема.

Backpack

Ранците со преден отвор овозможуваат брзо и лесно да дојдете до вашиот багаж. Слабост им се патентите кои можат да пропуштат дожд или снег. Ранците со отвор на врвот се добри, но се доста неудобни, ако треба да извадите нешто што се наоѓа на дното.

Ранецот ќе помине низ многу различни места и временски услови, па затоа треба да е сигурен. За да се потпрете на него подолго време внимавајте на:

  • материјалот од кој е направен (Рackcloth или Cordura)
  • рабови - кога ќе ги повлече тесните ленти на ранецот, не би требало да ги гледате конците на рабовите. Тоа е исклучително важно, бидејќи токму оттаму влегува вода
  • внатрешните конци мора да се обложени со ткаенина или да се зашиени така да немаат директен допир со багажот кога ранецот е полн
  • вкрстена двојна ткаенина на места каде ранецот е најоптоварен - дното, прерамките, гуртните
  • солидни патенти