Најновата студија покажува дека за подобра хидрација на организамот после тренинг не се потребни никакви спортски напитоци.

Имено истражувањето кое е објавено во списанието „Applied Physiology, Nutrition and Metabolism“ покажува дека млекото и млечните алтернативи поради својата природна рамнотежа на натриум, протеини и јаглехидрати помагаат во задржувањето на водата.

Истражувачите ги споредуваа спортските пијалоци со различни видови на млеко, и како влијаат на хидратацијата на организмот после напорно вежбање.

15 мажи возеле 4 круга со велосипед, а потоа конзумирале различни напитоци, со што врз основа на примероци на крвта и урината е мерена хидрираноста на организмот како и количината на храниливи супстанци.

Milk

Испитувањето покажало дека сите видови на млеко имале многу подобри резултати отколку спортските пијалоци.

Корисни супстанци од млекото за спортистите се:

Казеин - го успорува варењето на протеини, помага во губењето на масти и опоравување на мускулите
Сурутка - брзо-сварлив протеин помага во синтезата на протеини
Лактоза - телото го користи овој јаглехидрат за полнење на енергетските резерви
Масти - млечните масти поспоро се варат, и подолго даваат чувство на ситост
Калциум - го подобрува губитокот на масти и цврстината на коските
Вода - млекото содржи 87% вода која е превенција за несвестица, и помага во опоравувањето на мускулите
Електролити - натриумот и калиумот од млекото помагаат во задржувањето на течности кои спортистите ги внесуваат во телото после физичка активност
Витамини и минерали - потпомагаат во општата здравствена состојба