Додека некои уживаат во ладовина, други не се откажуваат од тренинг во лето.

Не е нездраво да се вежба ни во најтоплото годишно доба, но стручњаците предлагаат тоа да бидат вежби со умерен интензитет.

Не очекувајте дека на отворено, со високи температури и влажност на воздухот ќе ги постигнете истите резултати како во теретана, така што поставете си реални цели. И водете сметка на „ситниците“ на кои многумина не обрнуваат внимание.

Пијте вода - Ако пиете вода кога ќе ожеднете, задоцнивте. Дехидрираноста, речиси оди рака под рака со горештините, влијае на појавата на несвестици, вртоглавици. Пред почетокот на тренингот, каков и да е, трчање, возење велосипед или само брза прошетка, напијте се чаша или две вода и обавезно носете шишенце со драгоцената течност со себе.

Trening

Не во текот на денот - Не вежбајте помеѓу 10 и 16 часот кога сонцето е најсилно, почекајте го самракот или тренирајте рано наутро. Нанесете крем за сончање дури и кога ви се чини дека сонцето не пржи, дури и кога е облачно. Ако можете да бирате, тргнете се во ладовина за да не сте директно на сонце.

Внимателно со облеката - Бирајте светла памучна облека или синтетичка која „дише“. Избегнувајте полиестер и тесни работи кои ќе влијаат повеќе да се потите.

Совет плус: Не пијте кафе непосредно пред тренингот бидејќи е диуретик и го забрзува губитокот на течности во организмот што на високи температури никако не е потребно.