Иако за време на топлите денови поголемиот број луѓе не им паѓа на памет да вежбаат, Скот Лаидлер, тренер на славни личности, на своите клиенти им вели дека често вежба во текот на топлите денови на отворено.

Ако се придржувате до одредени правила, вежбањето на отворено додека температурите се високи не претставува проблем, истакнува тој.

„Убавото време е одлична можност да излеземе во локалниот парк и да вежбаме, но и да вдишеме свеж воздух и цел тој дополнителен витамин D“, вели Лаидлер.

Сепак, клучот не е во концентрирање на одреден вид тренинг, туку во толеранцијата на сонце.

Training

„Воглавно тренирам после 17 часот кога интензитетот на сонцето е намален. Но, многу од моите пријатели тренираат кога е најтопло. Навистина се зависи од вашата лична толеранција на сонце“, објаснува Лаидлер.

Внимателно одберете го темпото на вежбање и после интензивен тренинг да се истегнете и да одморите во ладовина, советува тој.

Темпо

Вежбајте во рамките на своите граници и немој да се форсирате. Бавното и одмерено трчање, ако ништо друго, е добра вежба за издржливост. Правилно користете ја својата енергија и ако не ја поднесувате жештината немојте да трчате на сонце.

Капа

Капа или шешир ќе ве заштитат од сонцето и потењето. Еден од советите е капата да ја намокрите така што ќе ве освежи и помалку ќе се потите.

Training

Вода

Ако планирате да трчате или вежбате во жешките летни денови, многу е битно да се хидрирате. Лаидлер советува дека во текот на тренингот со себе секогаш носете шише вода, а и пред тренингот конзумирајте доста течности.

Предности на тренингот на отворено

Го подигнува нивото на енергија

Тренинзите во теретана нема да ни овозможат доволно изложеност на сончева светлина како вежбањето на отворено. Познато е дека сонцето го зголемува нивото на серотонин, а тоа помага во подигнувањето на енергијата и го зголемува фокусот кон вежбањето.

Што повеќе сте фокусирани на изведување на вежбите, така ќе имате подобар резултат. Аеробните вежби, како што се трчање или возење велосипед се значително дополнување на вашата вежбачка рутина.

Training

Целосно бесплатно

Доколку вежбате на отворено, не мора да се грижите за износот на членарина или скапата опрема. Во топлите месеци, се што ви треба е вашето тело, добрата волја и добриот избор на локација на која ќе го дадете својот максимум. Затоа, заштедете пари и почнете да размислувате за чести активности во природа.

Согорува повеќе калории

Природниот терен во комбинација со ветер предизвикува поголем отпор од трчањето на трака. Според списанието „Journal of Sports Science“, тоа резултира со трошење повеќе енергија и затоа имате квалитетен тренинг. За да ја направите рутината уште потешка, трчањето може да го комбинирате со качување скали или ридски предели.

Training

Го подобрува расположението

Зеленилото го подобрува расположението и придонесува чувство на самодоверба. Според студијата која ја објави „Journal of Environmental Psychology“, оние кои повеќе време поминуваат на отворено и притоа се занимаваат со некоја физичка активност, го зголемуваат менталното здравје и имаат поголем оптимизам.