Ако отсекогаш сте се прашувале како да преживеете лавина, имате среќа. Почетници и ветерани во зимските спортови во две одделни статии, поучени од нивните искуства, даваат совети што веројатно би можеле да ви го спасат животот. Некои од понудените совети во овие две приказни се преклопуваат, но сепак има и нешто што треба да се научи.

Прво, магазинот „Backpacker“ интервјуираше четворица професионални прогнозери на лавини кои даваат совети како да преживеете ваква несреќа. Четворицата поединци комбинираат скоро 70 години искуство во справување со науката зад лавините и помагаат да ги одржат луѓето живи. Секој од нив коj учествува во приказната нуди свои безбедносни совети, како и основно парче опрема кое никогаш не треба да го оставате дома. Обично, за овие парчиња опрема за кои се зборува се генерички термини, како што се уред за комуникација или лавинско воздушно перниче. Сепак Backpacker ги пополнува празнините, нудејќи специфичен производ кој може да го купите за да ги исполнитe пропишаните препораки.

Avalanche

Втората приказна доаѓа од „Popular Mechanics“. Оваа статија оди малку подлабоко, нудејќи подлабоки совети за тоа што треба и што не треба да правите доколку се соочувате со проблеми во околината. Исто така, вклучува и компонента во опремата, наведувајќи ги важните работи што треба да ги имате додека скијате или се искачувате во зима. Дури има и дел кој се однесува на што да правите доколку се најдете во „најлошото сценарио“.

Голем дел од она што ќе го најдете во овие две приказни ќе биде „стара школа“ за многумина од вас. Сепак, постојат добри мудри совети што ќе ги најдете во двете приказни. Сепак за почетниците, никогаш нема доволно информации кои можат да ве подготват за вистинската работа, така што секогаш е добро да посетите вистински курс за лавина, отколку да читате на интернет за оваа тема. Сепак, ова е добро за почеток и барем ќе ве натера да размислувате за тоа што треба да направите доколку се случи ваква катастрофа.