Висинската болест е назив на збир на симптоми кои се јавуваат при престој на голема надморска висина. Обично се јавува над 2500 метри, често при брзо искачување кое не дозволува телото да се прилагоди. Во поголемиот број случаеви се работи за благо пореметување кое вклучува главоболка, губење на апетит и мачнини и не побарува лекарска интервенција.

Поради зачестеното благо пореметување многумина сметаат дека главоболката на висина е „нормална“. Ретко напредува во потежок облик, мозочен или пулмонален едем кој може да биде смртоносен, особено ако не се препознае. Најдобар начин за спречување на висинска болест е бавно искачување при што се остава доволно време за аклиматизација.

Лекувањето на висинската болест подразбира стопирање на понатамошно искачување и спуштање, особено ако симптомите не проаѓаат или не се влошуваат. Кислородот и лековите служат како помош при симнување.

Надморската висина може да се подели во неколку категории

  • средно висока надморска висина (1500 - 2500 м): забележливи се физиолошки промени. Заситувањето на крвта со кислород е поголемо од 90%. Висинска болест е можна, но ретко;
  • висока надморска висина (2500 - 3500 м): висинска болест е честа кај брзото искачување;
  • многу висока надморска висина (3500 - 5800 м): заситувањето на крвта со кислород е помало од 90%; забележително е намалување на кислород во крвта (хипоксемија) во текот на движење;
  • екстремна висина (над 5800 м): забележително е намалување на кислород во крвта во текот на мирување; влошување на висинската болест и покрај аклиматизацијата. Подолго преживување е тешко возможно.

Висинска болест

Секоја личност која се наоѓа на голема надморска висина ќе искуси одредени промени кои се последица на нормални прилагодувања на висината:

  • забрзано дишење (хипервентилација)
  • краток здив (недостаток на воздух) во текот на физичкиот напор
  • често мокрење
  • промена на начинот на дишење во текот на ноќта
  • често будење во текот на ноќта
  • чудни сништа, кошмари

Фактори на ризик

На развојот на висинската болест влијае брзината на искачување, надморската висина, висината на која планинарот спие и индивидуалната чувствителност. Добрата телесна кондиција не делува заштитно, а зголемениот телесен напор на висина ја зголемува можноста на заболување. Генетските фактори истотака се одговорни за висинска болест. Поголемиот број на претходни болести како што се хроничната опструктивна болест на градите или дијабетесот сами по себе не го зголемуваат ризикот.

Висинска болест

Предвидување на висинска болест

Лекарите неможат да предвидат кај кои личности ќе се развие висинска болест. Претходните искуства на лицата кои престојувале на висина се добар водич, но постојат исклучоци. Било какви тестови на морското ниво воведно се корисни за оваа работа.

Смртност

Смртноста од висинска болест општо е ниска. Смртните случаи на планинарите во Непал се случуваат во 0.014% од случаите, а од нив 0.0036% причинителот е висинската болест. Кај Британците кои се обиделе да се искачат над 7000 метри висинската болест причинила смрт во 17% од случаите.

Спречување на висинска болест

Телото изложено на ниското ниво на кислород (хипобарична хипоксија) се прилагодува, што е познато како аклиматизација. Причината за ова прилагодување е подобрувањето на доставата на кислород. Аклиматизацијата најдобро се постигнува со бавно искачување со што на телото му се дозволува прилагодување пред искачувањето на поголема висина и намалување на ризикот од тежок облик на висинската болест. Иако бавното искачување е општо правило, некои лица можат да се искачат брзо без никакви симптоми. Исклучително е важно да се биде флексибилен во текот на планинарење на висини и да се остави доволно време за прилагодување и опоравок ако се развие пореметување.

Висинска болест

Совет - препорака за аклиматизација

  • над 3000 метри висина на која се спие да се зголеми само 300-600 метри на ден
  • над 3000 метри потребен е одмор од еден ден за секои 1000 метри понатамошна висина
  • брзината на аклиматизација се разликува од лице до лице
  • ако е можно, треба да се избегнуваат летови или возење директно на голема висина
  • ако на голема надморска висина се доаѓа директно со авион или автомобил потребно е првиот ден да се избегнуваат телесни напори и понатамошно искачување
  • „качувај се високо, спиј ниско“
  • ако симптомите не поминуваат одложете го понатамошното искачување
  • ако симптомите се влошуваат спуштете се побрзо

Поголемиот број прилагодувања се случуваат првите 1-3 дена на одредена висина, но тоа варира кај поединци. Целосната аклиматизација трае многу подолго. Не постојат сигурни фактори за предвидувње на добра аклиматизација, освен добра волја на поединци за слушање на сопственото тело. Лековите, на пр. Acetazolamid, можат да се користат пред искачување кај одредени лица и кога искачувањето е неизбежно повисоко од планираното.

Висинска болест

Неколку истражувања покажуваат значително смалување на симптомите на акутната висинска болест со профилактичка употреба на 350-500 mg acetazolamid двапати дневно. Помалите дози (125 mg двапати дневно) ги ублажуваат симптомите и ја намалуваат можноста од нуспојави. Лекувањето со acetazolamid е потребно да се започне најмалку еден ден пред искачувањето и да се продолжи додека не се постигне потребната аклиматизација. Најчесто нуспојавите од ова лекување се трнење (парестезија) и зголемено мокрење, но обично добро се поднесуваат.

Dexametazon (4 mg на секои 6 часа) ја намалува појавата и тежината на акутна висинска болест над 4000 метри. Ниските дози или истата доза на ден секои 12 часа се помалку влијателни. Лекувањето започнува неколку часа пред искачување. Ова не е прв лек за избор поради низа можни нуспојави. Сепак, може да биде корисен кај лица кои мора нагло да успеат, многу се склони на развој на акутна висинска болест или се алергични на acetazolamid.

Златни правила кај висинската болест

  1. Нормално е да се развие висинска болест. Не е потребно да се умре од неа.
  2. Секоја болест на висина над 2500 метри е висинска болест додека не се докаже спротивното.
  3. Никогаш не се качувај на поголема висина ако имаш симптоми на акутна висинска болест.
  4. Ако симптомите на акутна висинска болест не се повлекуваат после 24-48 часа или се влошуваат потребно е итно симнување. Не смее да се чека утрото. Потребно е симнување барем до последната висина каде сте се чувствувале добро после станувањето.
  5. Лицето со симптоми на висинска болест не смее да се остави само.