1. Како да ги заштитите чкорчињата од влага?

Едноставно замотајте ги во алуминиумска фолија.

2. Како да направите прирачна тава за пржење?

Не сте ни помислиле дека е возможно да се направи тава за пржење во природа? Можно е, така што не треба да носите тава за пржење (тешка, гломазна...), туку може да ја направите со помош на чаталест стап.
Поставете подебел слој на алуминиумска фолија помеѓу две раздвоени гранки и околу нив цврсто намотајте ги краевите од фолијата, но опуштете ја малку на средина помеѓу гранките. Свртете го стапот и дупнете ја фолијата на средина каде што ќе ја ставите храната за пржење. Но да ги избегнете овие зафрканции, понесете неколку сендвичи.

3. Како да ги загреете прстите на нозете во текот на престој во шатор?

Во студени временски услови, замотајте два или три поголеми камења со алуминиумска фолија и загрејте ги покрај огин. Кога ќе одите да спиете, замотајте ги камењата во крпа или маица и ставете ги на дното од вреќата за спиење. Тоа ќе ве грее и нема да имате проблеми со смрзнатини на прстите. Немојте да заборавите и дека вашите кондури одат во вреќата за спиење, бидејќи може да се случи наутро да имате замрзнати кондури.

4. Како да направите топол сендвич со помош на пегла?

Се најдовте во некој хотел, доцна е, а гладни сте? Се сетивте дека во ранецот имате неколку сендвичи замотани во алуминиумска фолија. Решението е тука, ако е тоа нормален хотел, во собата би требало да има пегла, загрејте ја и замотаните сендвичи притиснете ги од двете страни и за миг ќе имате вкусен и топол оброк, во спротивно секако изедете ги.

5. Како да не ви смета пчела или оса додека пиете нешто слатко?

Ова повеќе се однесува на летниот период, но советите се тука. За да не се случува ова, со парче алиминиумска фолија цврсто покријте ја чашата со пијалок. Забодете цевка низ фолијата и на мир уживајте во својот пијалок.

6. Како да го наполните акумулаторот - со аспирин?

Еве еден совет кој нема врска со алуминиумска фолија, но е актуелен. После помината студена ноќ во некој планинарски дом, на враќање кон дома вашиот автомобил е затрупан со снег, а штотуку успешно сте го исчиситле, акумулаторот се испразнил.
Бидејќи планинарите мора да носат Прва помош, две таблети аспирин ќе го решат проблемот. Аспиринот содржи ацетилсалицилна киселина која ќе реагира на сулфурната киселина во акумулаторот и ќе произведе уште еден, последен навој. Ако можеби сте во екипа со повеќе возила, каблите за палење ќе бидат решение,под услов да ги имате.