Чувството на слобода која ни го дава природата во која уживаме е многу убава работа. Ветер во косата, сонце на лицето, адреналин во крвта... Можеме се што ќе посакаме, и ништо, баш ништо не смее да ни попречи. Па ни здравиот разум. Бидејќи, внимателноста и превентивата ни се слаби страни, а лошите работи, секако, можат да се случат само на некој друг.

Вооружени сме само со ентузијазам

Секако, ноншалантноста порано или подоцна ќе дојде за наплата. На почетокот ќе биде ефтино - малку ќе се изгорите без заштита од сонце, малку ќе смрзнеме/свариме/искривиме, евентуално ќе има некоја искрена мисла дека баш тој ден не мрзело да облечеме длабоки чевли. Класични „ливадарски“ проблеми кои можат да се случат и во текот на прошетка во паркот. И додека се поминува без посериозни последици, ваквото однесување, во нашиот планинарски свет, поприлично се толерира, по оној принцип „ништо нема да му/и биде“. Освен тоа што почнува да расте генерацијата на планинари кои списокот на задолжителна опрема го смета повеќе како список на убави желби отколку на нешто навистина задолжително, додека не се случи некоја посериозна несреќа. Некои тогаш малку ќе се подразмислат и „опаметат“, а некои ни тогаш. А сега, кога споменавме за несреќи, да позборуваме малку за најчестите причини.

Oprema

Дали навистина мора...?

Најчестото прашање кај новите планинари е на ниво на она „Мамо, дали баш морам на школо?“ Не мора да се слушне крајот на прашањето, одговорот се знае: „Мора!“. Да не мора, никој не би ви го побарал. Водичите не се глупи кога ви наметнуваат додатна опрема. Да, ќе спласне косата под шлемот, тешки ќе се дерезите и на ранец и на нозе, и тоа што убаво и прописно ќе се качите на сајла можеби не е ни напола брзо, ниту „кул“ како слободното искачување, но во планинарството безбедноста е постара од удобноста. Ризикот за повреда поради личен комфорт и добри фотки, не вреди.
Пред да го поставите тоа прашање, најпрво размислете што навистина може да ви се случи, па ќе го промените мислењето.

Осигурителните компании „не ме сакаат“

Истата причина како и претходното, освен што во овој случај не се поставува прашање. Зошто би носеле безбедносна опрема кога нема да се сопнеме, лизнеме, збуниме... Да, сите сме способни, но безбеносната опрема е предвидена за кога нешто ќе тргне наопаку. Доволно е да се присетиме на сите несреќни случаи на планина во претходниот период, и ќе видиме дека несреќните биле баш млади, силни и способни. Сите сме бесмртни додека не се докаже спротивното. Подобро е да се биде внимателен.

Oprema

Не го носам тоа, никогаш не ми притребало

Уште една честа причина. На прв поглед, 100% логична. Кога подобро ќе размислиме, во ранецот имаме солидна количина на работи кои никогаш не ни притребале во животот. Секој пат кога ја проверуваме содржината на првата помош и ја ставаме во ранец, се надеваме дека ќе ја вратиме дома неотворена. Истото важи и за астрофолијата, челната ламба, кабаницата, па и сувите чорапи. Сите се надеваме дека се ќе биде идеално, но сепак се припремаме и за случај да не биде.
Ако нешто што го носите никогаш не ви притребало, не значи дека е и непотребно. Можеби само сте имале среќа...

Немам

Оваа причина е прилично оправдана за нашиот народ. Опремата, за нашите примања, е прилично скапа, така што поголемиот број планинари се потпира на скромните клубски магацини и пријателското позајмување. Колку би сакале да викнеме: „Цицијо една, купи си!“, тоа ниту е можно, ниту фер. Бидејќи опремата е скапа, а џебовите плитки, немој да ви биде срам да прашате за позајмување по пет пати, да одите во клубските магацини, да ги прашате водичите...

Oprema

Малку за водичите

Мал потсетник - според планинарските правила на водичите, забрането е во планина да се водат планинари без соодветна опрема. За совеста да не зборуваме. Не пробувајте да сокриете дека некое парче опрема ви фали и да се доведете себеси во опасност. Кажете, ќе се најде некое решение.

„Верувајте во Бог, но сепак проверете дали барутот е сув“

Кога одиме на планина, се надеваме на најдоброто, се припремаме за најлошото. Правиме се што е до нас.