Планинарењето е рекреативна активност во која пешачиме, бидејќи тоа го сакаме, а не затоа што мораме. Патувањето е поважно од дестинацијата. Причината за планинарење зависи од личност до личност.

Поголемиот број луѓе го сакаат планинарењето од една или повеќе причини.

Планинарењето е голема вежба на телото која во голема мера ќе ја подобри вкупната физичка кондиција. Природното пешачење ви пружа релативно мало влијание, но е ефективен тренинг. Освен тоа, вие сте во можност да го подесите вистинското темпо и должината на вежбањето. Многу луѓе го користат пешачењето како дел од нивната фитнес рутина.

Планинарењето е одличен начин да се истражи природата. Поголемиот број луѓе уживаат во планинарењето бидејќи ги враќа во природа. Тоа може да ве доведе до најубавите места на планетата и во контакт со неверојатни билки и животни. Плажи, пустини, шуми, џунгли, брда, планини, најразлични терени, планинарењето нема ограничувања!

Зошто планинарење

Лесно е да се планинари и не побарува висока технолошка опрема. Добар пар кондури, основна аутдор облека и мал ранец ќе ви биде доволно да почнете со основни дневни излети. Техниката на пешачење е нешто што го поседувате од детството, и не постои ништо повеќе што би требало да научите.

Планинарењето е активност која со време ви овозможува да го унапредите знаењето и техниката. Во најлесен облик, планинарењето е доста сигурна прошетка по маркирани патеки. Во екстремна варијанта ќе ви треба многу поголемо знаење, што вклучува: преживување, лов и ориентационо знаење.

Шетањето е почетна станица на многу спортови и активности во природа. Често е дел од планинарењето, слободното качување на карпи, параглајдинг, кампување и многу други активности во природа и на планина.

Зошто планинарење

Планинарењето е целогодишна активност. Да се планинари во различни временски и природни услови е суштината на планинарењето и најголемиот предизвик. Есен, зима, пролет и лето, за планинарењето нема ограничувања!

Планинарењето е одличен начин да се побегне од секојдневната гужба и стрес. Било да сте сами или со друштво, планинарите поради рекреација или тест на своите способности, искуствата од планинарењето се незаборавни и ве збогатуваат за целиот живот!