Луѓето секогаш прашуваат како патувањата ме промениле. Ако се навратам наназад кој бев порано пред да започнам да патувам и да се споредам со она што сум сега, можам да кажам дека патувањето ме направи подобра и поснаодлива личност. Сега сум покул отколку кога имав 25 кога прв пат започнав да го истражувам светот.

Едноставно, сега сум подобар отколку што би требало да бидам.

Всушност, мислам дека патувањето секого го прави подобра личност. Ги завршуваме нашите патувања подобро отколку што сме ги започнале. Не го велам ова за да бидам претенциозен или егоистичен, туку го велам бидејќи верувам дека патувањето е нешто не само што те прави подобро суштество туку и кул, истотака. Тип на човек со кого луѓето сакаат да се дружат.

Како и зошто патувањето ве прави подобра личност?

Посоцијализиран - Тоа е потонување или пливање на патот. Можете да бидете подобри во запознавање на пријатели, или ќе завршите сам, плачејќи секоја ноќ на перницата. Да научите да направите пријатели од тотални странци и да добиете поудобен разговор со нови луѓе. Кога прв пат почнав да патувам, бев вид на човек кој беше повлечен и ми беше непријатно да разговарам со оние што не ги познавам. Сега, јас со задоволство разговарам со непознати како да сме биле најдобри пријатели со години.

Подобар во муабет - Патувањето не ве прави само поудобно да разговарате со непознати, туку ве прави и подобар во тоа. После цело-времено зборување со луѓе, истите прашања стануваат досадни. Започнувате да се досадувате себеси. За кратко, не се грижите од каде се луѓето, ниту каде одат, колку долго патуваат, и бла бла бла. Овој вид на прашања всушност не ви кажува ништо за личноста. Ќе станете подобар во кратки разговори, како да прашате интересни прашања - оние кои ве интересираат и ќе ви кажат повеќе за личноста.

Посамоуверен - Го пропатувавте светот. Го качивте Монт Еверест. Нуркавте низ Големиот корален гребен. Вечеравте со убава французинка во Париз, истраживте непознати градови, и го надминавте својот страв од височини. На кратко, направивте одлични работи. Како да не бидете самоуверен? Како да не бидете сигурни за вашите способности? По остварувањето толку многу, се чувствувате многу повеќе сигурен во вашата способност да постигнете нешто што сте наумиле.

Повеќе прилагодлив - Сте се занимавале со пропуштени летови, бавни автобуси, погрешни вртења, одложувања, лоша улична храна, и многу, многу повеќе. По некое време, ќе научите како да ги прилагодите вашите планови во променливи ситуации. Не се лутите, не се нервирате; можете само да го промените она што го правите и да продолжите понатаму. Животот ви фрла криви топки и вие ги шутирате надвор од паркот. Зошто? Затоа што вие сте подобри од тоа.

Поавантуристичен - Кога ќе станете самоуверен во вашите способности да правите било што, и правите било што. Минатата недела во Остин, Тексас, покрај што не сакам зачинета храна, ја изедов најлутата пиперка во светот и некој екстракт од пиперки. Зошто? Затоа што така сакав. Што е целта на животот ако не ја скршиш својата зона на комфорт? Устата ми гореше со години, но би го направил тоа пак.

Порелаксиран - Сите оние грешки? Тие направија нешто друго за вас, исто така. Тие ве направија повеќе релаксиран и опуштен. Зошто? Затоа што се занимававте со сите оние грешки и не ви е грижа. „You go with the flow now“, затоа што ако патувањето ве научи нешто, тоа е дека сите работи завршуваат на крај и нема потреба за стрес.

Посекси - Стресот го предизвикува стареењето. Оние безгрижно релаксирачки денови на патот ве прават да сте посигурни и светли, и ќе стареете побавно. Ќе изгледате млади и секси. Освен ако не сте Џорџ Клуни, кој дефинитивно станува подобар со годините.

Попаметен - Освен ако не седите во одморалиште давејќи го вашиот мозок во замрзнати пијалоци, патувањето ќе ве научи за светот. Ќе научите за луѓето, историјата и културата, и таинствени факти за местата за кои некои луѓе може само да сонуваат. На кратко, ќе имате подобро разбирање за тоа како функционира и како луѓето се однесуваат. Тоа е нешто што не може да се научи од книги; можете да го изберете само со патувачко искуство.

Помалку материјалист - На пат, учите колку малку работи навистина ви требаат. Ќе сфатите дека сите тие глупости што ги продаваат во трговските центри се прилично бескорисни во животот. По враќањето дома, ќе се најдете како минималист едноставно затоа што сте сфатиле што ви треба за да живеете, а што не. Како што велат, колку повеќе имате, толку повеќе тоа ќе ве поседува.

Посреќни - Патувањето едноставно ве учи како да бидете среќни. Ќе станете порелаксирани, посигурни и ќе го гледате светот како посветло место. Како може да не бидете среќен за животот после сето тоа?

Размислете за сите познати, успешни луѓе во светот. Колку од овие квалитети тие луѓе ги изложуваат? Многу. Зошто? Затоа што станувајќи дружељубив, забавен, социјализиран, среќен, сигурен и паметен, тие се тие квалитети кои ги прават луѓето поуспешни во секојдневниот живот.

Патувањето ги прави луѓето подобри луѓе. Кога ќе научите повеќе за светот и за луѓето во него, надминете ги вашите граници, и пробајте нови работи, ќе станете поотворена, дружељубива и подобра личност. Сите луѓе кои ги познавам кои патуваат се подобри луѓе поради тоа.

На сите начини, патувањето може да ве направи повеќе од одличен човек, затоа не постои причина зошто не треба да ја планирате вашата следна авантура сега - без разлика дали е тоа околу светот или само кратка, дводневна прошетка во вашата земја.

Или може да седите дома, посакувајќи дека сте некаде на егзотично место, се забавувате, и правите нешто кул. Изборот е ваш!