Велат дека најдобрите ментори учат без зборови, тогаш од планините подобар ментор нема во што сум се уверил и самиот себеси. Ова се некои од најбитните лекции од тој „тивок“ ментор:

1. План - импровизација и планирање во движење веројатно секогаш ќе ми бидат дел од карактерот, но тоа често скапо ме чинело. Повеќе пати поради тоа сум страдал, упаѓал во проблем и заборавал на битните работи. Кога при поаѓање во планина заборавите на нешто што е битно, тогаш тоа добро ви се наплаќа, затоа сега секогаш добро и детално го планирам секој ден и секое патување. Не џабе е и онаа реченица дека секој добар план е 50% завршена работа.

Луѓето секогаш прашуваат како патувањата ме промениле. Ако се навратам наназад кој бев порано пред да започнам да патувам и да се споредам со она што сум сега, можам да кажам дека патувањето ме направи подобра и поснаодлива личност. Сега сум покул отколку кога имав 25 кога прв пат започнав да го истражувам светот.

Движењето во планина знае да биде вистинско уживање, но промената на метео условите за кратко време уживањето можат да го претворат во кошмар. Во зимскиот период маглата и снегот во комбинација можат многу лесно да Ве дезориентираат. Врнежите од снег, но и силниот ветер за кусо време можат да ги затскриат патеките и трагите од Вашето претходно движење. Добрата подготовка пред тргнување и претходна обука за ориентација (користење на топографски карти и компас) можат многу да го олеснат движењето и во сложени метео услови.

Последни вести

Најпопуларни вести

Facebook

logo-medium.png

Барај