Веројатно сте чуле за Бора Бора, познатиот рајски остров кој сите сакаат да го посетат за да уживаат во песочните убави плажи, кристално чистата вода, сафирното сино небо и преубавиот хоризонт.

Иако ова се можеби доволно информации за да ве одведат на ова егзотично место, ви претставуваме 10 нешта кои сигурно не сте ги знаеле за овој рај на земјата.

1. Бора Бора е дел од Франција

Бора Бора е тропски остров во Француска Полинезија која ја сочинуваат 118 острови поделени во 5 групи.
Бора Бора ќе го најдете во склоп на вулкански острови во средината на јужниот дел на Тихиот океан, на пола пат помеѓу Австралија и САД.

2. Оригиналното име на островот не е Бора Бора

Оригиналното име на островот всушност е Пора Пора, што значи „првороден“ на полинежански јазик, првите доселеници кои го населиле островот. Првите Европјани кои дошле на островот грешно ги слушнале доморотците мислејќи дека говорат „Бора Бора“ и тоа име се задржало до ден денес.

3. Збогум на малите досадни сушстества

Бора Бора е зона ослободена од штетници, не само на овој остров, туку на цела Француска Полинезија нема отровни змии и инсекти.
Може да одите во прошетка без користење на спреј против бубачки, да се одморите на плажите без грижа околу инсектите или било какви мали животинчиња кои би ве вознемириле. Зборуваме за рајот!

4. Бора Бора е остров идеален за романтика

Bora Bora

Поради зачудувачката убавина и изолација, ова туристичко место е многу популарно за паровите и младенците.
Освен тоа, 19 километри северно од Бора Бора, со хеликоптер или брод може да дојдете до коралниот гребен Тупаи (познат и како Моту Ити), кој е формиран во облик на срце. Ова магично парче природа има површина од 11 километри квадратни од кои секој центиметар ви го одзема здивот со својата убавина.

5. Цветот ви го покажува вашиот романтичен статус

Bora Bora

Ако жената стави цвет позади левото уво тоа е знак дека таа има веќе некој специјален во нејзиниот живот. Доколку цветот се наоѓа позади десното уво, тоа значи дека жената е соло и дека е спремна за забава. Тоа истотака може да привлече внимание на доморотците кои може да им се фрлат на флерт на слободните девојки.

6. На островот нема јавен превоз

Bora Bora

Бора Бора е остров составен од само 3 села: Анау, Фануи и Ваитапе, и има помалку од 9000 постојани жители. Овој мал остров, со вкупна површина од 29,3 километри квадратни, е толку мал што јавен превоз не постои.
Доколку го посетите, бидете спремни да пешачите, изнајмите автомобил, велосипед или баги. На располагање ви се и кануа и бротчиња кои вршат превоз од плажа до плажа.

7. Обилно со морска флора и фауна

Bora Bora

Снуркањето и нуркањето со боца се една од главните атракции на Бора Бора. Има стотици различни подводни видови на билки и животни кои може да ги видите додека ги истражувате мирните, азурни води на островот. Дом е на разнобојни корални риби, морски желки и ајкули!

8. Најдобра плажа на светот

Bora Bora

Во 2013 година CNN направи список на 100 најдобри светски плажи - плажата Матира на Бора Бора беше во топ 10! Мекиот бел песок и мирните води ја доведоа на осмо место со опис „премногу убава за да биде вистинита“.

9. Тетовирањето е света уметност

На овој остров се верува дека тетовирањето потекнува од Богот на креативноста - Та'ароа. Тетоважите се знак на убавина и користени се за да покажат нечија позиција во друштвото.

10. Бора Бора е Холивудска дестинација

Bora Bora

Бора Бора можеби е уште надвор од дофатот за повеќето туристи, но секогаш може да дојдете на овој остров преку филмовите и телевизијата.
„Couples Retreat“, романтичната комедија во која глумат Винс Вејн и Кристен Бел е снимана во St. Regis Resort, како и финалето на емисијата „The Bachelorette“ која е снимана во Hilton Nui.