Недопрената природа, кристално чистата вода на реката Тара и нејзините брзински текови се идеален спој за сите авантуристи, желни за нови предизвици, адреналин и активен одмор.

Што е рафтинг, совети за оние без искуство

Рафтинг е вид на спорт во кој група од најмалку 4, а најмногу 12 луѓе се спуштаат низ речни брзаци со гумен чамец, специјално направен за диви и брзи води. За рафтинг не ви е потребно искуство, а еднаш кога ќе го пробате овој вид на рекреација, сигурно ќе посакате да се вратите уште еднаш за „адреналинска доза“.

Секој чамец има свој скипер, искусен веслач кој детално ќе ве информира за се што е важно за спуст пред неговиот почеток, а и во текот на самата авантура. Покрај управувањето со вашиот чамец задолжен е и за вашата безбедност.

Во неопходната опрема за рафтинг спаѓа елек за спасување, неопренско одело, чизми и шлем за глава. Цела опрема ќе ја добиете во кампот во кој престојувате. Една рафтинг тура најчесто трае нешто помалку од 4 часа со паузи за пливање, сликање и уживање во природа.

Кога е најдобро време за рафтинг и каде?

Пред се сакаме да нагласиме, дека за оваа авантура како и секоја друга, акцентот е на дружењето, забавата со вашата екипа и позитивната енергија. Затоа, на вакво патување тргнете со своето друштво или семејство, за да бидете во ист чамец и заедно да доживеете незаборавно искуство!

Rafting Tara

Кога е во прашање организиран рафтинг, дефинитивно највозбудливиот е на реката Тара, особено на почетокот на пролетта. Во текот на летото, водостојот на реката почнува да опаѓа, па овој период е идеален за оние помалку искусните. Се на се, забавата е секогаш загарантирана!

Информации за рафтинг на Тара

Реката Тара е долга 146 километри и тече низ Црна Гора, а последните 40 километри од текот се во Босна и Херцеговина. Длабочината на кањонот на реката Тара изнесува 1333 метри, што дефинитивно го прави најдлабок во Европа, а втор во светот веднаш зад кањонот Колорадо. Кањонот Тара, а и поголем дел од реката се под заштита на УНЕСКО, во склоп на Националниот парк Дурмитор.

Самиот крај на текот, поточно последните 25 километри на Тара и нејзиниот кањон претставуваат најатрактивен дел за рафтинг, со интересни брзаци и препреки.

Rafting Tara

Препораки за сместување и камп

Кога е во прашање кампувањето и сместувањето за рафтинг на реката Тара, понудата е голема и има место за сите. После детално истражување и распрашување кај искусните рафтери, најдобар избор е Авто кампот Дрина. За квалитетот на нивните услуги сведочат оценките и искуството на посетителите од цел свет на Booking.com, Tripadvisor.com и слични страници.

Каде се наоѓа кампот?

Кампот се наоѓа 2 километри од Фоча, во Република Српска, Босна и Херцеговина.

Содржини на кампот и дополнителни активности

Во пространиот слободен простор може да пронајдете место за вашата камп-приколка и шатор или да ноќевате во нивните шатори и бунгалови. Кампот поседува опремени тоалети, тушеви, како и бесплатен wi-fi. Покрај сместување, овде ве очекува и одлична традиционална кујна, забава во ноќните часови и дружење со музика и логорски оган, љубезни работници и вистинска топла домаќинска атмосфера!

Во склоп на огранизираните тури „Рафтинг на Тара“, кампот ви обезбедува цела неопходна опрема за своите посетители и секако лиценциран скипер.

Rafting Tara

Покрај рафтинг, својот одмор може да го надополните и со еднодневни излети во природа, обиколка на најатрактивните локации, планини и езера во околината. Она што на туристите им е посебно интересно се ноќните излети на овие планинарски тури.