Ако сонувате да влезете во средина каде возењето велосипед и возењето со брод се меѓу главните начини на превоз не пропуштајте да посетите некој од градовите наведени подолу.

Она што ги разликува од другите е дека моторните возила се забранети на нивна територија. А дали знаевте дека постојат места кои го стимулираат еколошкото движење на тој начин? Ако сте заинтересирани да знаете кои европски градови се познати, еве некои од нив:

Гитрон, Холандија

Дали сте слушнале за холандската Венеција? Да, тоа е градот Гитрон. Прекарот по кој е познат не е случајен, бидејќи главниот начин да се стигне до него е со чамец. Движењето на овој начин е исто така меѓу омилените активности на туристите во градот. Повеќе од 150 мостови се изградени над каналите на Гитрон. Возењето велосипед, исто така е главен превоз со изградена инфраструктура во градот. Гитрoн брои околу 2.620 постојани жители. Градот е популарна туристичка дестинација, особено меѓу Кинезите. Помеѓу 150 и 200.000 кинески граѓани годишно ја посетуваат холандската Венеција.

Цермат, Швајцарија

Едно од најпознатите швајцарски туристички дестинации е Цермат. Во прилог на прекрасниот поглед што се отвора кон Матерхорн пристапот во градот со автомобили на неговата територија е забранет. Еден начин да се пристигне е со воз. Ако доаѓате со автомобил, можете да го оставите 5 км од Цермат, во градот Теш, каде што можете да фатите воз на секои 20 минути. Пристигнувањето во самиот град може да го сторите пеш, со велосипед, со електричен автомобил или електричен автобус.

Стариот град Дубровник, Хрватска

Не толку далеку од кај нас, во Хрватска, се наоѓа „Бисерот на Јадранот“ или градот Дубровник. Стариот дел на градот, покрај тоа што е запишан како светско културно наследство на УНЕСКО, е познат и по некористењето на моторни возила. Еден од главните начини да се стигне до стариот дел на Дубровник е пеш - одлична можност да се оди на бавна и убава прошетка во која нема да ве попречат возила.

Островот Хидра, Грција

Само камионите за ѓубре се возилата кои може да ги видите на островот Хидра во Грција. Најлесен начин да се стигне до островот е со ферибот. Неговата мала површина ви овозможува да пешачите низ островот, но ако сакате да го проширите своето патување, тоа можете да го направите со коњ, магаре или мазга.

Венеција, Италија

Последно, но не и најмалку важно, не смееме да го пропуштиме најголемото урбано подрачје во Европа, каде што моторните возила се забранети. Историскиот дел од Венеција е местото каде што луѓето имаат можност да се движат или со брод или пешки.