Апартманите Skylodge Adventure Suites се состојат од три капсули во кои може дасе сместат максимум 8 души. Секоја капсула има четири кревети, простор за вечера и купатило.

За да спиете во овој хотел, мора да се искачите на 400 метри над Светата долина на Инките, по која води via ferrata патека, а спуштањето од таму е со помош на сајла (zip-line).

Собата во која ќе преноќувате всушност е стаклена капсула од која се пружа незаборавен поглед на околината, над Светата долина на Инките, во близина на градот Куско во Перу.

Skylodge

Капсулите се долги седум метри, високи два и пол, а се состојат од шест големи прозори и неколку вентиалциони отвори. Влезот и излезот е на врвот на капсулата.

Доколку не сакате соседите да ви гледаат во капсулата, може да ги навлечете завесите. Доручекот и вечерата, со вино Ви ги носат од Куско.