Дали сте слушнале за CabriO? Се работи за жичара со отворен покрив која вози до врвот на планината Стансерхорн висок 1849 метри во Швајцарија, а од него се пружа прекрасен поглед на кантонот Нидвалден во средиштето на европската земја.

Точно, се работи за жичара на два ката - долниот дел во потполност е затворен и направен од стакло, со што 60-тина луѓе можат да уживаат во неверојатниот поглед, а горниот кат е своевидна тераса за оние најхрабрите, а собира околу 30-тина луѓе.

CabriO

Жичарата почнува да вози од станицата Каити која се наоѓа на 711 метри, а до таму стигнува еден стар воз од селото Станс. Овој воз во погон е од 1893 година, а некогаш возел и до врвот.

Кабриолет жичарата почна да вози од 2012 година со што на туристите им понуди дополнителна димензија за уживање во природните швајцарски убавини.

CabriO

На врвот на планината некогаш имало хотел, но изгорел во голем пожар во 70-тите години од минатиот век. Денес тука се наоѓа ресторан со неверојатен панорамски поглед на околината кој моментално е затворен со жичарата, а ја почнуваат новата сезона од 10 април 2020.