Ејгил ду Миди (Aiguille du Midi) е место на кое можете најблиску да му пријдете на Мон Блан без качување и планинарење, а освен видиковецот кој го има најубавиот поглед, на посетителите им нуди адреналинско возење со жичара од Шамони.

Ејгил ду Миди е планински врв на француските Алпи висок 3842 метри, а годишно го посетуваат повеќе од милион туристи. Се наоѓа југоисточно од легендарното скијалиште Шамони и познат е по жичарата која дваесет години го држела рекордот за највисока на светот.

Augille du Midi

Жичарата која води од Шамони (1035 м) до Ејгил ду Миди е изградена во 1955 година, а иако ја напуштила старата слава - и понатаму држи рекорд за највисок вертикален успон во светот (од 1035 до 3842 метри). Возењето со жичарата трае околу 20 минути, а после излегувањето на врвот на посетителите им се одзема здивот од панормаскиот поглед од малиот мост. Во убавите денови без облаци може да му се воодушевувате на Мон Блан.

Името на врвот на македонски може да се преведе како „пладневна игла“ така што може да ви го покаже времето - кога се набљудува од пред црквата во Шамони може да бидете сигурни дека е 12 часот во моментот кога сонцето е над врвот.

Augille du Midi

Ако се одлучите да се возите со жичарата, имајте на ум дека треба да се запишете на службената страница многу време однапред. Истотака, жичарата еднаш годишно се одржува, па така во студените месеци две до три недели не работи. Повратниот билет за возрасни не е ефтин - чини околу 70 евра, а фамилијарен билет 200 евра.

Освен култната жичара, посетителите ги привлекува и стаклената инсталација „Step into the Void“ (Чекор во празнината) на архитектот Пјер-Ивес Чаис.

Augille du Midi

Драматичниот видиковец не е за оние со слабо срце, а погледот кој се нуди преку стаклото не се заборава. Наводно е безбеден, отпорен на ветрови до 225 км/ч.

Augille du Midi

Augille du Midi

Augille du Midi