Ако ги барате најголемите водопади по протек, тоа се Инга водопадите, ако ги барате највисоките водопади, тоа се дефинитивно Ангелските водопади, а најшироки, Коне водопадите.

Но ако сакате да знаете кој е најголемиoт водопад на светот, мора да погледнете под океанот. Таму ќе го пронајдете подводниот водопад Денмарк Стреит (Dennmark Strait).

Овој подводен водопад се наоѓа помеѓу Гренланд и Исланд. Подводниот водопад, познат како и каскада, постои кога студената и топлата вода ќе се сретнат.

Underwater Waterfall

Молекулите од студената вода не се движат многу, така што остануваат тесно збиени и ја прават водата погуста за разлика од топлата вода. Сето ова причинува студената вода да „паѓа“ точно преку топлата вода создавајќи постојан и доследен тек.

Водата која доаѓа од Гренландското море е студена, па кога ќе дојде во контакт со топлата вода од морето Ирмингер, има пад од 3,5 километри со протек од 4955 милиони литри во секунда.