Иако можеби го обожавате, кинескиот чај тешко дека ќе го поврзете со возбудувањето, адреналинот и стравот од смртта.

Од друга страна, планината Хуашан во Кина ги поврзува сите овие работи заедно благодарејќи на неверојатната патека која води до чајџилницата на нејзиниот врв.

Huashan

Планината Хаушан е многу важно место во кина уште од II век кога во нејзиното подножје е основан таоистички храм.

Уште од тоа време, аџиите, монасите и денес туристите, се качуваат по многу опасна патека за да ги посетат врвовите на планината.

Huashan

На секој врв се наоѓа некоја религиска структура, а качувањето е исклучително опасно и несигурно. Иако официјална статистика не постои, се проценува дека овие патеки носат околу 100 животи годишно.

Патеките неодамна се појачани поради големиот прилив на туристи кои ги посетуваат овие величенствени врвови, но и понатаму се подеднакво опасни.

Huashan Huashan Huashan Huashan