Видете ја магијата на Будимпешта, запечатена со неверојатната архитектура, жолтите трамваи и луѓето кои живеат со полна пареа!

Ви претставуваме едно видео на Алекс Соловиев што можеби е поразлично од сè што сте гледале досега за унгарската престолнина. Динамично, на моменти тензично, но и полно со палета од човечки емоции, форми и бои. Уживајте во ноќната Будимпешта, неизгаснатиот ритам на градот на уличните уметници, на вљубените парови, на пријателствата, кои се зголемуваат во позадината на многу вековната архитектура!

Оставете кадрите да Ве водат во продолжението на широкиот и живописен булевар „Андраши“ до Плоштадот на Хероите. Името не е случајно - на огромниот плоштад ќе ги видите статуите на водачите на 7-те племиња, за кои се верува дека ја основале Унгарија во 896 година, како и на други забележителни државници и кралеви од унгарската историја. Во центарот, над сите нив на височина од 36 метри, величествено се издига статуата на Архангел Гаврил, за кого се смета дека му се јавил на сон на основачот на унгарската држава Свети Стефан (Иштван), носејќи му круна.

Зад плоштадот ќе се вивнете кон градскиот парк, каде е и замокот Вајдахунјад. Во паркот се наоѓа и познатата термална бања Сечени. Нурнете се во локалните пазари, чувствувајќи го духот на градот, кој ќе ве пресретне на секој агол. Видеото ве води низ најголемиот внатрешен пазар да ги вкусите локалните вкусови. Тој е изграден во неоготска трикатна палата.

Нека ве освојат ноќните пејсажи. Во текот на ноќта градот тоне во розова, потоа во мастило-сина боја. Мостот Маргарет и Елизабет, како и Мостот на Слободата и Верижниот мост ќе ви дадат неверојатна глетка кон градот, каква што не сте замислиле. Светлата кои се одразуваат во водите на реката Дунав се можеби едни од најпознатите волшебни глетки...