Шамони, Франција, е едно од најпрестижните места во светот за аутдор спортови. Се наоѓа во подножјето на Мон Блан, највисокиот врв на Западна Европа, и нуди ретка можност на посетителот - чувство на авантура, без кое едноставно не можете да живеете откако сте ја вкусиле оваа грандиозност.

Знаете дека сте зависник од ова место кога размислувате за вашата следна посета баш таму. Шамони, Франција е едно од тие места. Лулка е на многу авантури, алпинизам, параглајдерство, BASE скокови и екстремно скијање. “Многу баратели на возбуда доаѓале да живееат овде во долината изминатите 40 години и помогнале ова место да зрачи и надвор од границите на Франција, Италија и Швајцарија“, вели Доминик Симончини, колумнист и психолошки тренер, кој живее таму. „Шамони се наоѓа на крстосницата помеѓу екстремните спортови и екстремната страст кон планината.“

Chamonix

Скијањето во Шамони е одлично, но не е меѓу најдобрите во светот. Планината е толку дива со стрмни падини кои се уште не се успешно поврзани. Како резултат на тоа, сериозните скијачи ги бараат најдобрите места на една специфична страна од планината, во утринските часови, се спуштаат надолу каде патот завршува, а потоа земаат автобус и одат повторно на другата страна од планината каде има повеќе карпи и стрмни падини и недопрен „прав“.

„Шамони останува алпски град на светот, поради Мон Блан и својата славна историја, но исто така и благодарение на многу мали стартапи кои дејствуваат во сегментот на аутдор спортовите“, вели Себастијан де Сент Мариe, страствен скијач со многу приказни од планините. „Главно е поддржан од страна на Англиската туристички колонија која доаѓа тука секоја година и го прави можно постоењето на 'made in Chamonix'.“

Chamonix

Во текот на летото, приказната е друга. Шамони е место за трекинг, трчање по патеки, параглајдерство, BASE скокови, качување и тежок алпинизам. „Шамони е многу посебен мал град заглавен помеѓу планините, кој нуди совршени места за сите видови на спорт, но и за семејни посети со многу голема инфраструктура“, вели Себастијан Наин, ултра тркач од тимот на Vibram Европа.

Исто така постојат неколку главни спортски настани во Шамони што не треба да ги пропуштите дали како гледач или учесник, од меѓународни натпревари по качување до 24-часовен планински велосипедизам. И не го заборавајте исцрпувачкиот Ultra-Trail du Mont-Blanc (UTMB), 170-километарскиот ултра маратон, еден од најдобрите во светот.

Chamonix

„Го сакам времето поминато во Шамони за трката секоја година“, вели американскиот ултра тркач Криси Моел, кој е двократен победник на UTMB. „Секој пат, поминувам најмалку девет дена во и околу градот. Дневните авантури по ридовите се неверојатно игралиште на отворено за секој ентузијаст. Моја омилена посета беше во 2010 година, кога отидов во четиридневна обиколка на масивот Мон Блан. Пристапот од Шамони е она што го прави сонот на било кој авантурист во секое време од годината.“

Ова не е хипербола: ако ги сакате планините, Шамони е на врвот на светот.