Месецот септември заврши на возбудлив начин за сите љубители на планината и скијањето во Швајцарија. На крајот на деветтиот месец од годината се одржа официјалното отворање на новата жичара Matterhorn Glacier Ride, која е највисока во Европа.

Новата жичара Matterhorn Glacier Ride ќе ги превезува туристите на Швајцарските Алпи до 3821 метри, веднаш под Klein Matterhorn или Малиот Матерхорн.

Matterhorn

Благодарение на тоа посетителите во регионот имаат можност да се издигнат на 3821 метри надморска височина или малку пониско под врвот Клајн Матерхорн (3889 м.). Таа била изградена во близина на старата жичара (3820 м.), која во последниве години била главната врска меѓу Цермат и врвот. Освен тоа, објектот е највисоката жичара во светот, изградена на три-кабелски систем.

Патувањето од 2923 метри до 3821 метри трае девет минути, а самиот комплекс има капацитет да превезува 2000 луѓе на час. Секоја кабина може да превезе до 28 лица. Вкупно има 25 се нови кабини кои постојано ги превезуваат туристите. Тие не се само стилски на изглед, туку и нудат и комфорт за сите што се превезуваат.

Matterhorn

Во 4 од овие 25 кабини посетителите добиваат посебен третман. Подот може да биде транспарентен, давајќи им можност да уживаат во поглед на 170 метри под нив. Самите кабини, исто така, се украсени со кристали од Сваровски, кои блескаат на сончева светлина, а на таваните има LED светла кои создаваат илузија на ѕвезденото небо.

Производителот на Matterhorn Glacier Ride е Leitner Ropeways - симбол на високо-технолошки и функционални производи, модерен дизајн и одржливи решенија за планински центри низ светот.