Планината Тијанзи во Кина е едно од оние места на земјата чие постоење е доведено во прашање. Вонземскиот пејзаж, формиран од карпеста ерозија, е инспирација за многу авантуристи и креативци, и ако се прашувате од каде ви е познато ова место, тогаш треба да го гледате уште еднаш филмот Аватар. Одиме на „планетата Пандора“ и ги отвораме очите широко кон оваа туѓа дестинација.

Легендата вели...

Според легендата, планината Тијанзи го добива своето име од личност од Туја по име Сијанг Дакун, член на етничката група Твид. Во 1300-та година, Сијанг Дакун го водеше тогашното востание. Тој и неговите другари 40 дена се бореа против војниците на Царот пред да бидат конечно поразени... Сијанг Дакун се бореше сè додека не се притисне работ на планинската карпа. Оставен без избор, тој скока од таму. Сепак, пред да го стори ова, себеси се нарекол со името на царската титула „Тијанзи“ (天子山), што во буквален превод значи „Син на небото“. Често може да се слушне дека планината се нарекува и Империјална планина.

Tianzi

Инспиративни карпести структури кон небото

Величествената планина се наоѓа во провинцијата Хунан, Кина. Пејсажот, потсетува на карпести облакодери, кои достигнуваат 1263 метри и се состои од 3000 совршени врежани врвови.

Ако одлучите да го посетите ова место, ве предупредуваме дека повеќето месеци од годината е врнежливо и маглата е присутна скоро постојано. Најсоодветен период за посета се летните месеци, кога температурата може да достигне до 30°C.

Планината Тијанзи е формирана како резултат на ерозија на карпите која се случувала милиони години. Античките и варовничките врвови се буквално пресечени од вода и ветер. „Тенките кули“ имаат различни бои и доколку подетално ги погледнете, ќе видите значајна разлика во нивните структури. Ерозијата се јавува со различна брзина, што на планинските формации им дава нејасен облик со тераси нерамномерно распоредени на различни места на карпите. Ова овозможува развој на различни видови цвеќиња, грмушки и дрвја. Вегетацијата на ова место привлекува многу видови птици кои своите домови ги прават меѓу дрвјата.

Tianzi

Бидејќи дождовите и ерозијата ја врежаа варовничката основа на планината, најниското ниво на планината се пештерите кои се дом на подземни езера и реки. Но, внимавајте! Варовникот е толку мек што пештерите можат да бидат крајно нестабилни и може да бидете сериозно повредени доколку сакате да ги видите.

Што да се прави во Тијанзи?

Покрај тоа што може да направите стотици фотографии, да собирате камења од уникатни камени структури и да видите каде е снимен Аватар, ве советуваме да тргнете по стаклената патека. Глетката што ќе ја видите пред очи и под нозете е застрашувачка, но сепак плени.

Tianzi

Овде не треба да се пропушти и една од најдолгите жичари. Со должина од 2084 метри, Тијанзи Гондола ќе ве однесе до повеќето врвови на планината.

Истотака качете се на лифтот „100 Змејови“. Од него, панорамскиот поглед на планините, благо речено, е феноменален.

Исто така, не пропуштајте го врвот Џанкунџу („Столб на јужното небо“), да прошетате по најголемиот природен мост на светот меѓу карпите.

Tianzi

И, ако сте гладни и заборавивте да си понесете оброк, не грижете се - постои McDonald's во подножјето на Тијанзи.