Туристички компании со хеликоптери превезуваат туристи кои сакаат да се напијат шампањ и да појадуваат на место со многу добар поглед. Имено - кон Еверест.

Гостите се транспортираат од Катманду до планините на надморска височина од околу 4300 метри. Клиентите имаат само 15тина минути, за да појадуваат, поради недостаток од висинска аклиматизација.

Everest

Вредноста на појадокот расте заедно со висината и може да достигне помеѓу 3000 и 4000 фунти на човек.

Истражувањето на компанијата со седиште во Глостршир, покажува дека има многу голем интерес за понудата „Појадок на Еверест“.

Ендрју Венцел, кој работи како бизнис консултант во компанија за луксузни патувања, вели дека храбриот кулинарски експеримент „упатува предизвик кон луѓето кои направиле многу работи во животот и кон индивидуалистите кои постојано се стремат да откријат нешто ново“.

Everest

За 4000 фунти клиентите добиваат не само појадок на небото, туку и две ноќевања во хотел во Катманду и специјална опрема.

Појадокот се состои од „јајца, сланина, колбаси, локални непалски овошја, кроасани, колачи, џем и шампањ“.

Кетрин Хилда, извршен директор во компанијата која ги организира овие патуваања вели дека оваа понуда е исклучително популарна меѓу high-end клиентите, кои сакаат да направат нешто малку поинаку.

Everest

Таа додава: „Би рекла дека тоа му се допаѓа на речиси секого кој може да си го дозволи и дури и оние кои не можат, а имаат тенденција да направат нешто необично во својот живот“.

„Има некои луѓе кои сакаат да стигнат до Еверест, но сакаат да заштедат на искачување до таму".