Размислувате каде да ги поминете Велигденските празници, богатата историја и архитектурата стара неколку стотици векови која е одлика на главниот град на Чешка ќе ве освои за навек. Градот во кој се мешаат уметнички стилови, каде што можете да видите прекрасни фасади, споменици на културата, преубаво да си поминете, и да го запаметите засекогаш Карловиот мост, Астрономскиот часовник Орлој, Стариот градски плоштад, Републичкиот плоштад, Народниот музеј, Златната улица, Народниот театар, Катедралата Св. Вида, Храдчани...

Прага е бајковит град каде што ќе најдете инспирација и во кој секој момент ќе биде за паметење. Искористете ја можноста да ги посетите знаменитостите на градот, но и да уживате во неговиот шарм, кујната и секако во чешкото пиво.

Prague

Главниот град на Чешката Република годишно го посетуваат околу 6 милиони луѓе, кои сакаат да ги видат погоре споменатите врвни атракции: Карловиот мост изграден со неверојатни математички пресметки, Орлој - астрономскиот часовник, најголемиот замок во светот - Прашкиот замок, графитите со сликата на Џон Ленон во Мала Страна, но исто така и познатите пивници.