Националниот парк Јосемити во Калифорнија секоја година во месец февруари станува цел на бројни туристи од цел свет кои сакаат да го набљудуваат „огнопадот“, неверојатна природна појава.

Фотографот Реј Ли фотографираше фантастични фотографии од овој редок феномен на „огнопад“ во Националниот парк Јосемити во Калифорнија. Ја фотографираше лавата која се спушта низ карпата Ел Капитан, вертикална карпеста формација во популарниот национален парк.

Јосемити

И додека на прв поглед ви се чини дека е во прашање лава, која се спушта низ карпата, во прашање е сосема нешто друго.

Имено, до овој редок феномен доаѓа секој февруари (трае десетина дена) кога сончевите зраци го гаѓаат водопадот Коњски опаш под одреден агол создавајќи оптичка илузија дека тече лава низ карпите наместо вода. Всушност, сончевите зраци го осветлуваат водопадот, но поради рефлексијата на светлината личи дека станува збор за лава.

Јосемити

Овој „огнопад“ трае само неколку минути за време на залез на сонцето, а преубавиот пејсаж сакаат да го забележат бројни туристи ширум светот.

Портпаролот на Националниот парк Скот Гедиман истакнува дека оваа година „огнопадот“ е уште повеќе изразен и поубав поради големата количина на дожд и снег кои паѓаа во текот на зимата.