4800 часа се потребни за поминување на најдолгата туристичка рута во светот.

За да се помине патеката потребни се 200 деноноќија непрекинато пешачење по Големата канадска патека The Great Trail (Trans Canada Trail). Ако погледнеме пореално, за нејзино поминување потребни се 2 години, 2 месеци и 1 недела, под услов ентузијастите да пешачат по 30 километри на ден.

Trans Canada Trail

Изградбата на Големата патека започнува во 1992 година по повод 125 години од формирањето на Канада. Целиот проект треба да биде завршен за 150-годишнината, што значи дека оваа година рутата треба да биде отворена.

Различни делови од патеката се предвидени за различен тип на преминување - пеш, со велосипед, скијање, санки, кану, бротчиња, со коњи, со санка влечена од кучиња, со железница, дури и со градски транспорт. Ова обезбедува бесконечен спектар на неповторливи глетки!

Trans Canada Trail

Рутата поминува низ мали села и градови како Квебек, Монтреал, Торонто, Отава, Ванкувер, Едмонтон. Започнува од Атланскиот океан, а завршува на Артичкиот оекан, поминувајќи низ Нијагарините водопади.

„Без оглед на вашата возраст, верувања или страсти, постои врска која не поврзува сите нас!“ - би дополниле дека оваа врска е токму 24.000-километарската Голема патека која ги очекува првите гости!

Trans Canada Trail

Trans Canada Trail

Trans Canada Trail

Trans Canada Trail

Trans Canada Trail