Африка, вториот најголем континент во светот познат е по својот пејсаж кој остава без здив, разноличната култура и изобилството на флора и фауна.

Ако и вие се чувствувате како еден од оние туристи кои ги привлекуваат егзотичните дестинации и секогаш сте во потрага по нови авантури, Африка е совршена дестинација за вас!

Всушност, Африка е многу повеќе од вообичаените клишеа на кои сте навикнати, односно Африка има да понуди се што му е потребно на еден турист кој бара авантура.

1. Египетските пирамиди и Сфингата - Гиза, Египет

Гиза пирамиди Можеби до сега сте чуле бројни приказни и сте виделе безброј фотографии од египетските пирамиди, но ништо неможе да се мери со доживувањето кое го пружа посетата на ова фантастично археолошко наоѓалиште. Уживајте во обиколката и прошетката покрај едно од преостанатите 7 светски чуда.

2. Викториини водопади, река Замбези - Замбија и Зимбабве

Викториини водопади
Со својата грандиозност, овој најголем водопад во светот е едно од најпопуларните туристички дестинации во Африка. Овде може да пронајдете многу туристички содржини кои можат да ви пружат незаборавно адреналинско доживување, а посебно би го издвоиле 100 метарскиот Банџи скок. Во периодот од септември до декември, кога нивото на водата е ниско посетете го Ѓаволскиот базен (Devil's pool) кој се наоѓа на самиот врв на водопадите и чекорете по карпите или искапете се во студената езерска вода!

3. Масаи Мара, национален парк - Кенија

Масаи Мара
Омилен меѓу љубителите на природата и фотографите националниот парк Масаи Мара е најпознат и најомилен сафари парк во Кенија. Набљудувајте ги животните во нивниот природен амбиент, во паркот можете да ги видите афричките слонови, носорози и биволи. Поголемиот број на туристи го посетуваат Масаи Мара во текот на „Големата миграција“ на зeбрите и дивите зверки од Танзанија, а за туристите кои наоѓаат додатна доза на адреналин достапни се летови со балон од кој се пружа незаборавен поглед на богатиот животински свет во националниот парк. Не пропуштајте ја можноста за запознавање на локалното домородно племе Масаи!

4. Килиманџаро - Танзанија

Климанџаро
Останете вчудоневидени од погледот кој се пружа од највисокиот планински врв во Африка. За искачување на 5895 метарскиот планински врв на Килиманџаро потребни се 6 дена и добра припрема пред искачувањето. Ова сигурно нема да биде краток и лесен нагиб, но прекрасни пејсажи и изобилство на животински свет ќе може да сретнете по пат, кои сигурно ќе бидат доволна награда за вашиот труд.

5. Кејп Таун - Јужна Африка

Cape Town
Познат како еден од најубавите градови во светот Кејп Таун е повеќе од само обичен град бидејќи на своите посетители им нуди многу повеќе. Својата посета на Кејп Таун започнете ја од „Столната планина“ каде може да пронајдете ендемски видови на билки и животински свет. До „Столната планина“ може да стигнете и со 5 минутната жичара. Поминете удобно попладне уживајќи во сонцето, и коктел на градската плажа која ја осипуваат високи бранови од атланскиот океан.