Виа Динарика е спремна да стане една од најдобрите светски трекинг дестинации.

Пред дваесет години, Балканот изгледаше незгодно место за пешачење. Растргнат со конфликти, Југославија болно се подели, како и границите меѓу новите републики беа добро познати по острите спорови отколку по интерконектирани патеки. Но, сега во регионот се соединува една мрежа на патеки, Виа Динарика, која е подготвена да стане една од најдобрите дестинации за пешачење во светот.

Виа Динарика е расплетена помеѓу Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија (и Македонија, која исто така е желна да се приклучи на „плетката“) по должина на рутата од 1400 километри која го следи 'рбетот на Динарските Алпи на Балканскиот Полуостров. Комбиниција на мрежа од стари овчарски патеки, стратешки воени правци, утврдени патеки, и нови врски, се исплетуваат драматични варовни карстни полиња, високи планини, стрмни долини, густа букова шума, треперливи глацијални езера и кањонот на реката Тара, најдлабокиот во Европа, кој се нурнува до 1300 метри.

Via Dinarica

Стратешки сместен меѓу Азија и Западна Европа, Балканот е историски крстопат. По должината на Виа Динарика овчарските бачила на падините споделуваат воени споменици, средновековни надгробни плочи, камени тврдини, и темели во распад, остатоци од Илирите, Римјаните, Словените, Османлиите, Австро-Унгарците и Српските царства. Во нивното будење, православните манастири, муслиманските џамии и цркви сега стојат како сведоштво за мултикултурните влијанија во регионот.

За патниците, Виа Динарика нуди авантура на невообичаен начин. За овој комплициран регион, патеката нуди надеж.

Трекинг на Виа Динарика

Неодамна ја испитав Виа Динарика низ четири земји: Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Мислев пет недели ќе го задоволат мојот апетит, но видов повеќе од оваа Југоисточна Европа, и сакав многу повеќе да истражувам. Што се задржа во моето сеќавање не е само пределот, кој му конкурира на било кој што сум го видела, исто така и луѓето кои ми го пружија нивното добредојде по должината на патеката.

Via Dinarica

Хрватска: Мојот прв вкус на Виа Динарика беше покрај Вихорашки пут, патека која се протега на околу час и половина од Загреб која ита нагоре и надолу по варовник - и ја открива скриената страна на Хрватска. Пешачевме околу осум часа преку катедралата на белиот камен и не видовме друга душа целиот ден. Би сакала да останевме во текот на ноќта во Ратково склониште, едноставен дом кој е изграден во една пештера. Но, за жал, нашите планови не беа за таму тој ден.

Босна до Црна Гора: Прекуграничниот пат од Националниот парк Сутјеска во Босна до Националниот парк Дурмитор (локалитет заштитен од УНЕСКО) во Црна Гора беше една од првите основани вериги на Виа Динарика и се смета за една од најубавите делови од Динарските Алпи.

Ранците натоварени, возевме по трнлив каллив пат толку брзо колку што одеше автомобилот, а потоа тргнавме по стрмна патека која се искачува преку листопадна шума во која живеат звуците на кукавиците. Не беше толку долга пред да се појават едни трнливи пасишта украсени со жолти, сини и бели пролетни цветови. А околу мене, карпест варовник кој не изведе на падини со зелени врвови.

Пешачевме уште неколку часа пред пристигнувањето во домот кој е управуван од националниот парк. Мора да се најавите за клуч, нема вода за пиење или електрична енергија, но имаа сè што ни беше потребно да се одмориме во текот на ноќта.

Via Dinarica

Како што продолживме во Црна Гора, бев шокирана од природните убавини, како што зјапав во длабочините на кањонот на реката Тара. „Црна Гора има најголемо се“, нашиот црн планински водич, Јанко Гардовиќ, вели. „Најголемо езеро, најголеми планини, најголеми кањони.“ Тешки облаци се наведнаа и го покрија нашиот поглед на високите врвови, оставајќи ме гладна за повеќе. Ќе се вратам, се потсетив себеси. Црна Гора е скапоцен камен кој моли да биде истражен.

Косово: Во моментот кога ја преминавме границата кон Косово, се чувствуваше нешто различно. Меѓу изрешетаните згради и нерамните патишта ме потсетија дека оваа земја е независна од 2008 година. Сепак, луѓето не поздравија со насмевки. Пешачката област во центарот во градот Пеќ е растрчана со семејства, родители кои туркаат колички, бизнисмени на кафе-средби, и работници кои ги обновуваат улиците.

Пешачевме пет дена, поминувајќи една ноќ во домот на еден овчар. Нашиот домаќин, Зеки Ахметгекај, ни зготви пиперки натопени во крем сос и печено пилешко со салата и ориз. Се згреавме од печката на дрва и споделивме неколку фотографии со неговиот 72-годишен татко, кој се искачил на највисокиот врв на Косово минатата година. Не зборуваше англиски, но заедничкиот јазик на планинарењето победи. Тој ни ја покажа тро-димензионалната мапа која висеше на вратата. Дотрчав со моите прсти над врвовите на Албанија и сфатив дека има уште толку многу што да се види во овој регион.

Прерано дојде и мојот последен ден, кога за цел го имавме највисокиот врв на Косово: 2600-метарскиот Ѓеравица. Како што почнавме со пешачење од едно мало село, група од осум млади луѓе од Косово до 19-годишна возраст, одлучија да движат заедно со нас. Забавни и љубопитни, го вежбаа нивниот англиски, како што ја искачивме стрмната патека низ планинските ливади, до карпести косини го поминавме и замрзнатото глацијално езеро. Триесет минути од врвот, не пресретна бура, која го растрепери небото со грмотевици и град со големина на грашок. 10-мината од нас се сместивме во еден мал камен бивак да се засолниме. Бевме различни на возраст, националност, религија, и друго, но сместени под тој камен, сите бевме само луѓе кои се смеат додека чекаме да помине бурата. Нашите планови да допреме до врвот беа спречени, но јас сум прилично сигурна дека ќе се сеќавам на времето поминато со моите нови пријатели подобро од било кој поглед од висина.

Via Dinarica

Како да се подговтвите за ова патување?

Во моментов, патеките и сместувањето на Виа Динарика се недостаток за разлика од други популарни места во Европа. Но, едноставниот автентичен лик го подобрува својот шарм. Одете сега, додека сеуште е неоткриена.

Кога да се оди: Сезоната на трекинг започнува кон крајот на мај или почетокот на јуни (во зависност од снег) и се протега до октомври. Јули и август може да биде многу жешко. Јуни и септември се најдобрите времиња.

Што да се носи: Носете ранец со облека, храна и вреќа за спиење. Времето може да биде жестоко, па бидете подготвени да ви биде топло, ладно и влажно одвреме на време. Сместувачките капацитети по пат варираат од основни домови без електрична енергија или вода за пиење, до локални сместувања кои нудат кревет и појадок, до хотели со ресторани и целосни барови. Во многу случаи резервација однапред е потребна за да се осигурате дека вратите се отворени кога ќе пристигнете.

Како да планирате: Ако сте во личност која прави се на свое, простидурајте ги патеките на веб-страницата на Виа Динарика, понесете GPS, и подгответе се за живот во дивина и да се изгубите ваму или таму. За поминување на целосната патека ќе ви се потребни неколку месеци, па можеби ќе сакате да се вдомите во една земја или регион кој има посебна привлечност.

За помош со логистика или регистрација за тура со водич, контактирајте со еден од тур-операторите на Виа Динарика.

Текст на Ејвори Стоник - авантуристка, писателка, планинарка од Колорадо, САД