Како што се менуваат трендовите од година во година, а патниците секогаш сакаат повеќе и посакуваат да посетат земји каде не биле, а тоа е добро познато, па така предвидувањата говорат дека во следната 2020 година туристите ќе се заинтересираат за ледениот Антартик, далечната Јапонија и овдешната Словенија!

„Туристичките места кои ќе бидат хит во 2020 година се Антартик, Јапонија и Словенија“, изјави Албер Херера, потпретседател на партнерските производи во луксузната туристичка компанија Virtuoso. Интервјуто го дал за Business Insider, а некои негови мисли ви ги пренесуваме Вам.

Virtuoso е глобална мрежа која се состои од речиси 2000 советници и оператори на луксузни патувања. Херера првично е задолжен за односите со луксузните хотели и крузерите, па добро знае кои се трендовите во светот на патувањата. Затоа неговите зборови и тоа како имаат тежина. Дека 2020 година ќе биде годината на Јапонија, можеби и не е толку тешко да се предвиди, но од каде Антартик и Словенија на оваа листа?

Japan

Јапонија ќе биде хит поради одржувањето на Олимписките игри во Токио, но и поради промената на кралското семејство кое се случи оваа година, смета Херера.

Имено, Нарухито првиот ден од мај стана нов цар на Јапонија, откако неговиот 80-годишен татко Акихито си даде оставка од престолот, нешто кое не се случило повеќе од 200 години. Друга важна работа е почетокот на Олимписките игри кон крајот на јули, кои ќе привлечат милиони луѓе во јапонската престолнина.

Што се однесува за Словенија, таа сеуште не е дестинација која се наоѓа на пописот на планирање на патувања. Но, судејќи според Херера, треба да биде. „Свежа е, поинаква, и се наоѓа во Европа. Истотака, во непосредна близина се популарните градови, пример Венеција“, додава Херера. Ние ја додадовме во нашата листа, но претходно и Lonely Planet ја прогласи за дестинација која ќе биде хит во 2020 година.

Japan

И така стигнавме и до Антартик. Минатата година Антартик го посетиле 50.000 лица, а интересно е дека секоја година, полека но сигурно бележи пораст бројот на туристи. Истотака, овде важен фактор е и глобалното затоплување, па така некои истражувања говорат дека денес Антартик годишно губи шест пати повеќе мраз отколку во 70-тите години од минатиот век. Тука е и уште една ставка, т.н. „last change tourism“, каде туристите мислат дека ова им е последна шанса да видат некои места, а тука за жал почна да се вбројува и Антартик.

Како и да е, и вие в година може да посетите една од овие три дестинации. Секако, знаеме дека за Јапонија и Антартик треба длабок џеб, но за среќа, Словенија е блиску.