Ушуаја е главен град на аргентинската провинција Огнена Земја. Според пописот од 2010 година во градот живеат 59.956 жители.

Првите припадници на белата раса ја населиле Огнена Земја во текот на седумдесеттите години од XIX век, додека претходно тука живееле Индијанци (племињата Она и Јахан).

Usuaja

Познато е дека Томас Бриџис во мај 1871 година бил првиот белец кој дојде на овој остров.

Во 1884 година аргентинската морнарица под команда на Аугуст Ласер пристигна во Ушуаја и на 12 октомври истата година го поставува аргентинското знаме, така што овој датум се слави како ден на градот. Ушуаја на 27 јуни 1885 година стана главен град на Огнена Земја.

Usuaja

Климата во Ушуаја е многу негостопримлива. Припаѓа на субполарна океанска клима, со кратки студени лета и долги влажни, ветровити и умерени зими.

Годишната количина на врнежи изнесува 528 мм. Температурата е стабилна во текот на годината, едвај преминува 9°C на лето и во просек е околу 1 или 0°C во зима. Снег знае да паѓа и во лето. Поради вакви студени и понекогаш снеговити лета не доаѓа до топење на глечерите.

Usuaja

За локалната економија многу важно е рибарството, сточарството, како и екслотацијата и преработката на дрва. Развиен е и туризмот, а најголемо обележје претставува знакот Фин дел Мундо (крај на светот). Се смета дека Ушуаја е најјужен град на светот.