Милиони посетители годишно доаѓаат во Националниот парк „Големиот Кањон“ во Аризона, едно од седумте природни чуда во светот и најпосетениот национален парк во западниот дел на САД.

Сепак, во исклучително ретки денови кога студениот воздух е заробен во кањонот, а на врвот има слој од топол воздух, во комбинација со влага и кондензација формираат феномен кој се нарекува целосна облачна инверзија.

Она што наликува на нешто помеѓу океански бранови и брзи облаци, Големиот Кањон е целосно покриен од магла, така што посетителите се чувствуваат како да се шетаат по облаци.

Ова видео беше снимено како дел од проектот SKYGLOW (skyglowproject.com), спонзориран проект кој ги истражува ефектите и опасностите од загадувањето на урбаната светлина во контраст со некои од најпознатите области со темно небо во Северна Америка.