Пустината Атакама на северот од Чиле е најсушното место на Земјата. Но истотака спаѓа во едно од омилените места за посета. Фантастична дестинација со преубави пејсажи и одлични можности за авантура.

Атакама е истотака дом на преубавото ноќно небо кое ве остава без здив. Ова видео дава увид на ова специјално место и како изгледа кога е ноќ.

Ништо навистина не може да ве подготви за местото и што се ќе откриете во пустината, но ова видео малку ве доближува до самото место, а најдоброто е ако имате можност да го посетите.