„Норд“ претставува воздушна авантура снимена целосно со дрон, импресивни кадри од пејсажите на Норвешка и Исланд.

Изгрејсонца, зајдисонца, гејзери, водопади, езера, бескрајно зелени ридови - авторите на видеото го снимиле сето ова за време на нивниот престој на планините во овие земји.

Тие успеаа да фатат еден вистински рај, кој буквално ќе Ви го одземе здивот.

За најголемо задоволство гледајте на цел екран!