Во Велика Британија свечено е отворена велосипедската патека долга 1300 километри, која ги поврзува Англија и Шкотска. Се работи за пат кој води низ шумски и ридски предели на овие земји, а нуди авантура за љубителите на велосипедизмот.

Патеката наречена Great North Trail проаѓа низ Пик дистрикт, Јоркшир Дејлс и шумата Кајлдер во Англија, па кон Лок Ломонд, националниот парк Тросаш и Лок Нес во Шкотска. Ова се некои од најубавите рути во Велика Британија.

The Great North Trail

Во Шкотска велосипедистите ќе можат да се упатат кон 'ртот Врат, на крајниот северозапад на Велика Британија или Џон О'Гротски на североисточниот 'рт.

Патот претежно минува вон главните патишта, низ шума и патишта на кои нема многу сообраќај. Дизајниран е како авантуристичко ридска велосипедска патека. Нагибот може да им биде предизвик и за оние најискусните, но постојат и асфалтирани патеки и неискористени железнички пруги кои на семејствата им овозможуваат безбедно возење.

The Great North Trail

Според податоците на WeForum, околу 12 отсто од возрасната популација вози велосипед најмалку еднаш неделно, а Велика Британија вложува многу во развојот на велосипедизмот и рутите со оглед на тоа дека научно е докажано дека овој вид спортска активност допринесува во општото здравје, но донесува и економски предности.