Погонот на планинските велосипеди може да се подели во три категории според нивниот број на запци.

Тројни

Старите класични погони се со три прстени од кои најголем е надворешниот прстен со 42 или 44 заби. Средниот прстен обично е со 32 или 34, а најмалиот најчесто со 22 или 24 заби.

Овој погон со три прстени може да понуди најголем опсег на брзини, но има значително вишок редундантност во однос на менувачот.

Тројните погони веќе не се монтираат на модерните планински велосипеди. Тие исчезнуваат од пазарот, двојните и единечните ја намалуваат цената.

Двојни

Погонот со два прстени го престигна тројниот како најпопуларен планински погон кога SRAM и Shimano воведоа погони со 10 брзини. Двојните погони нудат потесен опсег на пренос со помало преклопување отколку тројните.

Тие користат помал внатрешен прстен (од 22 до 28 заби), додека поголемиот надворешен прстен нуди побрз пренос (од 34 до 36 заби). Двојните погони се монтираат на велосипеди од влезно ниво (entry-level) до модели со високи перформанси, но нивната популарност е исто така во опаѓање.

Погон

Единечни

Најзначаен тренд на погоните кај планинските велосипеди во текот на изминатите пет години беше движењето кон погон за широк опсег со единечен прстен.

Обично се нарекува '1x', овој погон е популарен кај downhill планинските велосипеди со години, каде што не е потребен голем опсег на брзини, а безбедноста на ланецот е многу важна.

По лансирањето на XX1 на SRAM и воведувањето на последователни групи со широк опсег 1×11 и 1×12, единечниот погон станува норма за планински велосипеди од високо до средно ниво и се повеќе се наоѓа и на велосипедите од влезно ниво (entry-level), благодарение на воведувањето на SX Eagle и NX Eagle 12-брзинските погони.

Широк е рангот на големината на прстенот, во зависност од намената, од 38 заби за силни тркачи за cross-country, до 28 заби, па дури прстен со 26 заби на некои велосипеди. Повеќето велосипеди со единечен погон доаѓаат со прстени со 32 или 30 заби.

Погон

Еден клучен атрибут на погоните од '1x' е употребата на прстен со високи заби (бидејќи нема потреба да префрлате помеѓу прстените) и наизменични ширини на забите што се совпаѓаат со внатрешните и надворешните врски на ланецот. Овие карактеристики се дизајнирани да го одржат ланецот во место без помош на преден менувач.

SRAM врши притисок единечните погони да станат норма за планински велосипедизам

SRAM беше во првите редови кога единечните погони станаа се присутни во планинскиот велосипедизам. Со отстранување на предниот менувач, единечниот погон е помалку комплексен, а исто така и полесен. Многу велосипедисти почетници полесно оперираат со единечните погони.