Велосипедската популација во Македонија последниве години многу расте, меѓутоа, не е лесно меѓу познаниците да најдеме некој кој се разбира доволно во велосипеди и да умее да ни даде добар совет при избор на велосипед.

Луѓето погрешно го толкуваат велосипедот. Рекреативците по правило купуваат MTB (Mountain Bike), бидејќи е теренски велосипед – може да оди сегде, удобен е, издржлив. Како да се погреши?

Еве вака: неупатен купувач оди во продавница за велосипеди или разгледува на интернет... и што да види? Убаво фарбан, што „понаџиџан“ тоа подобар, амортизер напред и позади, диск кочници... – и ако сето тоа е во рамките на вашиот буџет, нема подобро.

Или, неупатен купувач се распрашува и слуша дека Shimano опремата е одлична, а дека X, Y и Z се добри марки. Така, велосипедот X со Shimano опрема – грми!

Или, го купува најскапиот од продавница – да речеме, имале Reebok велосипед и SuperFu, овој вториот очигледно е кинески, а Reebok е марка, па ајде Reebok, а велосипедите 99,9% се исти, само налепниците им се различни.

Како и да е, давате куп пари за лош велосипед кој ќе се распадне после две години и велосипедизмот како спорт ќе ви се смачи.

Купи велосипед

Основната грешка на луѓето кои купуваат велосипед е што не го сфаќаат концептот на велосипедот.

Велосипедот не е како автомобил. Неможе да се рече, слушнав дека Мерцедес се добри, и така се што има лого на „мечка“ е добро, секако многу подобро од „фичо“. Не е ни мотор, па да се знае дека секој KTM сигурно е подобар од секој Tomos.

Велосипедот е како лего коцки, многу делови кои правилно ќе се распоредат и поврзат ја добивате целосната играчка. Прво малку општи работи:

Долната граница на „добар“ велосипед е 200-250 евра

Времето е сурово, инфлацијата си го прави своето. Пред многу години, чинеа многу малку, а денес се е поскапено. Ефтините велосипеди се составени од компоненти на кои трајноста не им е јака страна и разликата во пари ќе ја потрошите на сервисирање. Притоа цело време ќе возите велосипед кој лошо функционира.

„Наџиџаното“ не е задолжително и квалитетно

Квалитетните амортизери се многу скапи. Истотака, додека предниот амортизер може да се монтира на било што, (добар) заден амортизер по правило се монтира само на добра рамка. Добра рамка со два амортизери (со целосна суспензија), само рамката и амортизерите чинат 3 – 4 пати повеќе од целосен „наџиџан“ велосипед кој како сон се вклопува во вашиот буџет. Да не должиме, ако видите велосипед со целосна суспензија и диск кочници, половен, тој сигурно чини 500 евра минимум ако е во добра состојба, за нови да не зборуваме.

Купи велосипед

Грешка: Shimano опремата е најдобра

Грешно. Некои Shimano делови се најдобри, некои не се. Апсолутно најслабата класа на опрема која е прифатливо да се има на велосипедот е Tourney. Си ја врши работата, но не толку прецизно, ниту работи многу долго, секогаш е потребно малку нешто да се подеси.

После Tourney доаѓаат Acera и Altus, кои малку подобро работат од Tourney. А потоа доаѓа Alivio. Alivio до скоро беше граница на економската класа, додека сега се смета во ниската средна класа на опрема.

Сериозната игра почнува со Deore опремата. Ова е средна-средна класа на опрема и за луѓе кои не возат offroad, а 99,9% си ја завршува работата.

Повисока средна класа е Deore LX и Deore SLX. LX e замислен како опрема за touring (оние кои сакаат со велосипедот да одат на море, или долги стази), а SLX како опрема за offroad.

Deore XT е висока класа, 95% oд сериозните велосипедисти на својот велосипед имаат барем еден дел од XT класата. За ова ниво на опрема реална потреба има само 5% од велосипедската популација која се натпреварува или сериозно вози offroad и очекува опремата да работи глатко и прецизно во сите услови.

XTR – оваа опрема има посебна страна. NASA вградувала XTR сајли во командите на спејс шатлите, а потребна им е на луѓето од победничкиот пиедестал на сериозни трки кои се на дел од секунда до победа.

Додека сеуште зборуваме за опрема, да го споменеме (за почетниците непознат) американскиот бренд – SRAM. Единствена сериозна конкуренција на Shimano. Последните години се случува SRAM да биде носител на иновации, а Shimano да биде тој кој ќе ги примени во следната генерација на опрема.

SRAM исто така изработува опрема на сите нивоа, кои по името лесно ќе се прилагодат во групата за која одговараат. Во прилог следи еквивалентната класа на Shimano:

  • X-3 и X-4 – економска класа
  • X-5 = Deore
  • X-7 = SLX
  • X-9 = XT
  • X-0 = XTR

Купи велосипед

Грешка: Производителот на велосипеди X е најдобар

Кратко резиме: тоа што на рамката пишува X не значи дека се останато автоматски е бомбона. Погледнете ја опремата на велосипедот па ќе знаете во кој филм игра тој велосипед. SCOTT има карбонски модели кои чинат десетици илјади евра, но тоа не значи дека велосипедот на кој пишува SCOTT со Tourney опрема е 3 пати подобар (бидејќи е дури 3 пати поскап) од модел од помалку реномиран производител со истата опрема.

Можеме да ви кажеме кои велосипеди секогаш да ги избегнувате:

  • Сите велосипеди кои се продаваат во универзални продавници, синџири на спортска опрема
  • Сите велосипеди кои се продаваат по трговските центри
  • Сите велосипеди кои се продаваат во продавници кои имаат помалку од 5 изложени модели (кои по правило продаваат и некакви алатки за по дома)
  • Сите велосипеди кои имаат 18 брзини. Минимум е 21 брзина (3x7) – не поради брзините, туку бидејќи на тоа ниво почнуваат да имаат каков-таков квалитет на материјалите, додека се под тоа е кинески производ. Уште подобро е ако земете велосипед со 24 брзини (3x8) или 27 брзини (3x9), бидејќи на тоа ниво, опремата се произведува во нормални реномирани фабрики
  • Велосипеди со челична рамка (понесете магнет со вас во продавница). Добра нова челична рамка чини многу повеќе отколку што ќе ви падне на памет да дадете за многу добар велосипед

Купи велосипед

Па кој велосипед да го купам?

На ова прашање ретко кој ви одговара директно, за да не биде после „ме зезна, го купив овој, а не е тоа што го сакав“.

Прво одлучете, сакате нов или половен велосипед. Да преформулираме, за вас во ред е да купите половен автомобил, а не е во ред да купите половен велосипед? Треба да се фрли поглед на палетата на цените и да се зема во предвид поскапата половина. Кога ќе се види колку пари е, и која опрема ја добивате за тие пари, половен велосипед е пологичен избор. Ако и понатаму сакате нов, понесете повеќе пари отколку што сте сакале да дадете.

Најдобро (и најскапо) е да склопите свој велосипед, од нула, додека во игра е промена на опремата која е веќе на велосипедот, но тоа веќе е игра за луѓето кои добро знаат што сакаат и зошто.

Велосипеди се купуваат во добро снабдени продавници со велосипедска опрема, ако барате нови, или по огласи, ако барате половни. Практично сите кои прв пат купуваат сериозен велосипед се зезнуваат, дали поминале поскапо или земале лош велосипед. Фората е да се зезнете малку, не многу.