Авантуристите кои уживаат во истражување на дестинации со велосипед наскоро ќе имаат интригантна нова опција. Новоотворената велосипедска патека „Транс Динарика“ која веќе поврзува три земји во наредните месеци е со план да се прошири во уште четири. Целта е да се создаде патека која ќе ја возат велосипедистите низ некои од најпознатите живописни пејсажи кои можат да се замислат, додека попатно ги посетуваат градовите, планинските села и заштитените светски наследства на УНЕСКО.

Trans Dinarica

Во моментов, „Транс Динарика“ поминува низ Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Планот е да се додадат Црна Гора, Албанија, Косово, Србија и Македонија на таа листа, создавајќи вело-патека која ги поврзува сите земји што го сочинуваат Западен Балкан. Патеката всушност ја паралелизира познатата „Виа Динарика“, популарната планинарска патека што поминува низ регионот. Со завршувањето на велосипедската патека ќе се покријат околу 1931 километри пат.

„Транс Динарика“ е дизајнирана за планински велосипедисти и bikepacker-и. Голем дел од рутата е составена од единечна патека, која има многу чакал, асфалт и повремени калдрми. Со други зборови, тоа е убава мешавина на површини, иако поголемиот дел од времето се поминува по планински патеки.

Trans Dinarica

Концептот за создавање вело-патека низ повеќе земји се врати во 2019 година, кога тур-оператори од Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина се собраа да започнат со изградба на „Транс Динарика“. Надежта беше дека ќе привлече многу авантуристи кои бараат уникатен предизвик во регионот. Целта од самиот почеток беше да се измеша извонредниот планински велосипедизам со историјата, културата и спој со природата, на начин кој досега не бил виден. Всушност, многу од заштитените наследства на УНЕСКО од Западен Балкан за прв пат се пристапни со велосипед благодарение на овој проект.

Trans Dinarica

Се уште нема информација колку долго ќе се почека да се додадат другите пет балкански земји во „Транс Динарика“, но плановите за проширување веќе се во тек. Трасата ќе продолжи да се шири со доследно темпо со надеж дека ќе се комплетира целата рута во текот на следните неколку години. За сега, сепак, патеката е пуштена и има многу да понуди, едно од најдобрите возења во цела Европа.