Ако сте биле во близина на некој сериозен друмски или планински велосипедист, несомнено сте сретнале некој кој е опседнат со сечење на секој „непотребен“ грам од неговиот велосипед.

Овие ситничари за грам ги има многу, опседнати само да оттргнат неколку грама од нивните возења. Но, во ова видео, што е всушност промо реклама за новиот Epic Hardtrail нa Specialized, се сретнуваме со некој кој е опседнат со тежината.

Ликот во видеото е карикатура на ситничар за тежина, но сите може да препознаеме некој во ликот на „Брајан“. Можеби и ние самите.

Дефинитивно добар хумор, секој што вози велосипед ќе добие добра смеа од ова.